ИО-фото
27.03.2008.
„ИО фото“ е фотоблог на млад уметник од Скопје, кој ги споделува своите фотографии од Македонија. Тематиката е најразновидна, од пејзажи и архитектура, до луѓе и статуи. Во сите случаи се работи за дела со висок квалитет, кои се достапни во мала и поголема верзија.

Стилот на работа е „фотограф-степски волк“, кој не спаѓа во ниедна од познатите класификации. Според Олег Новиков, ваквите фотографи се движат во „нивниот внатрешен свет и не фотографираат само поради уметност, пари или слава. Иако овие атрибути може да имаат одредена важност за нив, основниот мотив е фаќање на моментот во кој се способни да воспостават директна и јасна врска со надворешниот свет преку фотографијата.“

Содржините на блогот се лиценцирани под Криејтив комонс, при што е дозволено нивно споделување (копирање и дистрибуција) под исти услови и ремиксување под услов да се наведе нивниот оригинален извор.                
 
Дополнување: повремено
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Код: ХТМЛ (блогер)
Дизајн: блогерски
Навигација: стандардна
Пребарувач: има
Клучни зборови: нема
Јавен бројач: има
РСС/Атом: има
Гугл-ранг: 2/10
Јазик: англиски
Адреса: iofoto.blogspot.com

Филип Стојановски
Извор: Време, рубрика: Веб-сајт на денот, датум на објавување: 14.06.2007