Музика во јавна сопственост
27.03.2008.
Интернет е главно современо средство за ширење и споделување музика низ светот, надминувајќи ги со брзина, ефикасност и цена старомодните методи на издавање „носачи на звук“. Притоа особено е важно да се знае кој пее, а кој плаќа, оти буквалното следење на законите на авторски права може да доведе до тоа обичните корисници ненамерно да бидат прогласени за криминалци.

Освен музиката, која е со целосно заштитени авторски права, некои автори одлучуваат да ги објават своите дела под Криејтив комонс, овозможувајќи пренос на дел од правата на корисниците (на пр. да ги слушаат песните дома). Најслободна форма на објавување е во јавна сопственост или на англиски „паблик домен“. Таквите дела се или оние за кои авторот се откажал од своите материјални права или оние за кои престанало траењето на правата.

Збирката музика во јавна сопственост собира и каталогизира токму такви песни, во формат МП3. Меѓу нив се наоѓаат и дела со непроценлива вредност, како неколку песни од Мисисипи Џон Хрт (1892-1966), еден од најзначајните американски фолк и блуз-гитаристи.

Дополнување: неопределиво
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Код: ХТМЛ
Дизајн: текстуален
Навигација: стандардна
Пребарувач: нема
Клучни зборови: има
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг: 5/10
Јазик: англиски
Адреса: publicdomain4u.com

Филип Стојановски
Извор: Време, рубрика: Веб-сајт на денот, датум на објавување: 19.06.2007