Три нови Шекспирови драми достапни од оваа недела
14.03.2008.
Оваа недела три нови драми од Вилијам Шекспир го збогатија порталот за авторски содржини заштитени со Криејтив Комонс лиценци. И овој пат се работи за преводи од Драги Михајловски, кои за првпат овде стануваат достапни во електронска форма.

Веројатно за многумина, од најголемо значење ќе биде објавувањето на познатата Шекспирова трагедија Ромео и Јулија. Заедно со неа, неделава беше објавена и една од најдобрите и најуспешни комедии на овој драматург, Кротењето на опаката, како и не толку познатата драма Тимон од Атина. Сите три драми се преведени на македонски од Драги Михајловски, достапни во електронска форма, покрај во печатена и заштитени со Криејтив комонс лиценцата Наведи извор-Некомерцијално-Без адаптирани дела . Посетителите кои ќе преземат некое од овие дела, можат слободно да го користат се додека се придржуваат до пропишаните услови во оваа лиценца.