Уште две преведени драми од Драги Михајловски – достапни на Интернет
25.02.2008.

Оваа недела, продолжува објавувањето на делата од Драги Михајловски во електронска форма. Категоријата Литература на овој портал, денес ја збогатија драмите „Со сила убавина не бидува“ и „Танте за кукуригу“, двете напишани од перото на Вилијам Шекспир. Жанровски, двете драми се комедии, но „Танте за кукуригу“ ја карактеризира сериозен и мрачен тон, заради што се смета за најмрачната комедиja на Шекспир. 

Двете дела во електронска форма се лиценцирани со Криејтив комонс лиценца која пропишува нивно слободно споделување под услов да се наведува авторот, односно преведувачот на делата, тие да не се користат за комерцијални цели, како и да не се прават нивни адаптации. Ова се всушност условите со кои Драги Михајловски ги заштити и првите драми кои беа објавени на македонскиот портал за авторски содржини: „Кориолан“ и „Секое зло за арно“