Промоција на Криејтив Комонс во Велес
3.12.2007.
Турнејата за промоција на македонската верзија на лиценците Криејтив Комонс продолжи во Велес на 22 ноември со промоција на книгата на блогерот Алекс Букарски “Луѓе на кои не им се отвара падобранот“,како и со настапот на бендот Али Баба. Овој бенд за прв пат се претстави на македонската јавност со својата музика која е мешавина на ориентална ромска музика и џез елементи. Како инспирација им служи градот Велес и неговиот мистичен стар дел. Повеќе за нив може да видите тука.

За книгата „Луѓе на кои не им се отвора падобранот” Алекс Букарски ја доби наградата „Новите!” за најдобар прозен дебитантски ракопис. Букарски веќе две и пол години е еден од најинтересните и најпровокативните македонски блогери. Неговата книга може да ја симнете од тука. Книгата е објaвена под Кријетив Комонс лиценцата.