Изложба и промоција на Криејтив Комонс во Струмица
29.10.2007.
Со изложбата на четири млади уметници, на 16ти овој месец во Струмица, започна промотивната турнеја на македонската верзија на лиценците Криејтив Комонс. Турнејата за промоција на Криејтив Комонс лиценците продолжува во текок на октомври и ноември со посета на уште неколку градови од републиката.

Image

Настанот се оддржа во Центарот за култура Антон Панов во Струмица, а со по три дела учествуваа Столе Ангелов, Мери Доневска Костуранова, Милена Станишлевиќ и Ване Костуранов кој воедно беше и куратор на изложбата. Лиценците Криејтив Комонс пред присутните беа презентирани од страна на Роберт Алаѓозовски од Контрапункт, кој го надополнија претставниците од фондацијата Метаморфозис - Ирина Шумадиева и Филип Нешкоски. Алаѓозовски не воведе во значењето на лиценците, придобивките од нивното користење, како и во видовите лицецнци под Криејтив Комонс. Шумадиева пак, покажа конкретна употреба на лиценците искористувајќи ги делата објавени на еден македонски фото блог како пример.