| Википедија + Криејтив комонс CC BY-SA = Победа за слободната култура! |
| 10.07.2009. | |
![]() Заедницата на Википедија и одборот на фондацијата Викимедија го одобрија усвојувањето на лиценцата Криејтив комонс Наведи Извор – Сподели под исти услови (CC BY-SA) како главна лиценца за содржини на Википедија и други веб-сајтови на фондацијата Викимедија. Еден напис за гласањето на заедницата содржи многу линкови во кои се објаснува историјата и важноста на овој потег. Почнувајќи минатата недела со English Wikipedia (има повеќе од 700 Викимедија веб-сајтови на повеќе од 250 јазици) напомената за авторски права на сајтовите на Викимедија се менува во CC BY-SA. Прочитајте ги Условите за користење на фондацијата Викимедија.
Во моментот се вложуваат напори за поттикнување на викија кои не
потекнуваат од фондацијата Викимедија, да ја искористат оваа можност за
миграција. Помогнете доколку сте во можност. Една многу важна цел беше
постигната на 19 јуни, кога повеќето викија хостирани на Wikia
(постојат илјадници, мали и големи) преминаа на лиценцата CC BY-SA. |