Криејтив комонс конкурс: избрани фотографиите од потесниот круг
17.10.2008.
Во текот на изминатите две недели, жирито кое одлучува за изборот на најдобрата фотографија пријавена на криејтив комонс конкурсот, а сликана со камера од мобилен телефон, го направи потесниот избор од најдобрите 15.

Некои од фотографиите беа избор на повеќе членови од жирито, додека останатите беа избрани по вкус на секој од членовите поединечно.

Во продолжение можете да видите кои фотографии влегоа во потесниот круг. Од нив, повторно по пат на гласање и рангирање, ќе бидат избрани најдобрите 5 кои ќе добијат криејтив комонс маици, додека онаа фотографија што ќе освои најмногу поени, ќе му овозможи на нејзиниот креатор добивање на главната награда – мобилен телефон. Конечните резултати ќе бидат објавени наскоро.

bliznacki.jpg
dsc00013.png
dsc00012.png
dsc00038.png
dsc00221.png
dsc00245.png
ezero-mladost.png
ladovina.png
picture-1211.png
sunset-summer.png
mal-ribar.png
ohrid-leto-2008.jpg
your-dream-is-a-buterfly.png
longlasting-love.png
cador2.jpg

Кријетив комонс конкурсот кој започна на почетокот на летото, ја имаше темата лето и траеше до неговото завршување, имаше за цел да го поттикне споделувањето на што повеќе оригинални содржини создадени од македонски артисти и артисти-аматери. Вакви конкурси ќе бидат организирани и во иднина.