Излезе новиот број на Филолошки студии
18.09.2008.
filoloski-studii.png
Новото издание на „Филолошки студии“ за 2008 г. е објавено на веб-сајтот www.philologicalstudies.org одржуван од Фондацијата Метаморфозис која ја поддржува оваа научна публикација со отворен пристап.

„Филолошки студии“ е славистичко списание од областа на хуманитарните науки.  Настана како резултат на меѓууниверзитетска соработка на Филолошкиот факултет при Пермскиот државен универзитет, Филозофскиот факултет од Универзитетот во Љубљана, Институтот за македонска литература кој функционира во составот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј„ од Скопје и Филозофскиот факултет од Универзитетот од Загреб.

„Филолошки студии“ донесува богат спектар од научно-истражувачки студии од областите (филозофија, литература, историја, лингвистика) во веќе стандардно препознатливите рубрики: Филозофско-културолошки проблеми, Историја и Филологија, Зборот во историско-културолошки контекст (споредбен аспект), Современиот социум во културата, јазикот и литературата, Проучување на говорот. Лингводидактика и Рецензии. Информации.

Се публикува еднаш годишно во два тома на четири литературни јазика (македонски, руски, словенечки и хрватски).

Филолошки студии се објавува под лиценцата Криејтив комонс Наведи извор – Некомерцијално – Без адаптирани дела 3.0