Дејан Велковски со нова книга под Криејтив комонс
11.07.2008.
b.-intro.png Блогерот Дејан Велковски, кој неодамна го објави блог-романот „Грабежот“, денеска промовираше ново дело под Криејтив комонс. Се работи за збирката поезија со наслов „Б. (или поезија за луѓето што презираат поезија)“, со која има победено на анонимен конкурс. Збирката антипоетски текстови првично беше издадена во печатено издание, а отсега е достапна и во електронско под лиценцата Creative Commons Наведи извор-Некомерцијално-Без адаптирани дела. 2.5 Македонија.