Трето меѓународно биенале на современа уметност во Букурешт, Романија
26.05.2008.

bb3.png Македонскиот уметник Оливер Мусовиќ е еден од учесниците на биеналето кое се одржа во периодот 23 мај-21 јуни, 2008.

Биеналето во Букурешт (ББ) ја промовира свеста за културата и нејзиното распространување, особено во областа на уметноста, преку размена и културна соработка во Европа и пошироко. ББ има за цел да ја поттикне креативноста на уметниците, јавниот пристап до културата, распространувањето на уметноста и културата, меѓу-културниот дијалог и познавањето на историјата и културното наследство на Европејците, но и на оние надвор од Европа.

Кураторите на Третото Букурешко Биенале избраа 38 учесници од 21 земја кои ќе подготват 44 проекти. Претставникот од Македонија - Оливер Мусовиќ ја користи лиценцата Криејтив комонс за материјалите кои ги објавува во дигитална форма на неговиот веб-сајт.

Оливер Мусовиќ е роден во Скопје во 1971. Дипломирал (1997) и магистрирал (2004) на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Живее и работи во Скопје. Приредил повеќе самостојни изложби во Скопје, Никшиќ, Цетиње, Белград, Љубљана, Босвил (Швајцарија), Аделаид (Австралија). Учествувал во голем број македонски и меѓународни изложбени проекти.