Претставување на македонската верзија на лиценците
8.06.2007.

Македонија ќе се приклучи на светското движење во поддржувањето на слободната култура преку промоција на лиценците Криејтив комонс локализирани на македонски јазик.

На 19 јуни 2007 година во хотелот Холидеј Ин во Скопје ќе се одржи официјалното претставување на македонската верзија на лиценците. Специјален гостин на настанот ќе биде Џоичи Ито, претседавач на управниот одбор на Криејтив комонс и член на управните одбори на ИКАНН, Фондацијата Мозила, Технорати и ајКомонс.

Фондацијата Метаморфозис ве поканува да присуствувате на овој настан кој претставува огромен исчекор во македонската култура и промоција на креативните авторски содржини.