Отворена демократија
9.04.2008.
Веб-сајтот „Отворена демократија “ го препорачува Томислав Медак, медиумски теоретичар од Мултимедијалниот институт од Загреб (www.m2.hr ) и една од клучните личности на движењето за слободна култура на Балканот.

Написите на овој веб-сајт се поаналитички од вообичаените западни медиуми, кои покриваат вест и политика, а како такви бараат и вложување малку повеќе време за читање. Но придобивките се големи, оти покрај информација за конкретни тековни настани, се добиваат и сознанија за контекстот и историјатот за ситуациите и проблемите. Покрива теми како: уметност и култура, конфликти, демократија и моќ, екологија, вера и идеи, глобализација, медиуми и Интернет, како и луѓе.

Авторите на написите имаат можност да одберат под која лиценца ќе бидат објавени индивидуалните написи, така што некои од нив се објавени под една од лиценците „Криејтив комонс“. Написите што се со неослободени авторски права може да се цитираат само делумно, само за лични или некомерцијални цели, но слободни се за читање и коментирање во форумите на сајтот.

ЗА ВЕБ-САЈТОТ

Дополнување: често
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Код: ЈСП
Дизајн: текстуален
Навигација: стандардна
Пребарувач: има
Клучни зборови: има
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: има
Гугл-ранг: 7/10
Јазик: англиски
Адреса: http://www.opendemocracy.net


Филип Стојановски
Извор: Време , рубрика: Веб-сајт на денот, датум на објавување: 28.02.2007