Легендата за зелениот змеј
27.03.2008.
„Легендата за зелениот змеј“ е римејк на светски популарната игра за повеќе играчи базирана на текстот „Легендата за црвениот змеј“ (Legend of the Red Dragon - LoRD), наменета за локалните вљубеници во игрите базирани на епска фантастика.

Моментално ја играат „олд скул фраери“, кои сакаат да се потсетат на корените, и нови момци желни за докажување во овој жанр.

Бидејќи дизајнот е базиран на текст, вчитувањето е брзо, а навигацијата лесна. Играњето не бара многу време, за разлика од други слични игри, кои се играат преку интернет-разгледувач, како ОГејм (www.ogame.org).

Засега интерфејсот не е локализиран, но примената на стандардизирани апликации објавени под лиценците ГПЛ и Криејтив комонс го дозволува тоа. Администраторот најавува дека доколку има интерес, ќе се спроведе превод на целата програма на македонски јазик.

ЗА ВЕБ-САЈТОТ
Дополнување: автоматско
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Код: PHP + MySQL
Дизајн: текстуален
Навигација: стандардна
Пребарувач: нема
Клучни зборови: нема
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг: 0/10 (нов сајт)
Јазик: англиски
Филип Стојановски
Извор: Време, рубрика: Веб-сајт на денот, датум на објавување: 08.12.2006