„Викихау“ - прирачник што секој може да го дополнува и уредува
27.03.2008.
„Викихау“ е колаборативен проект за пишување, чија цел е изградба на најголемиот и најбогатиот прирачник на светот. Прилозите на читателите овозможуваат создавање извор на знаења, кој нуди јасни, концизни решенија за проблемите од секојдневниот живот. Засега волонтерите имаат внесено скоро 11 илјади написи, од како се фрла бумеранг, до како да посвоите бебе од Кина.

“Викихау“ ги комбинира сите функционалности на вики-платформата со уникатен и симпатичен дизајн. Советите се категоризирани во дваесетина категории, кои го олеснуваат пребарувањето. Сите содржини се лиценцирани под лиценцата „Криејтив комонс“ , која овозможува нивно слободно користење за некомерцијални цели под услов да се укаже кој е авторот и сите деривати да бидат објавени под истите услови.

Особено полезно за видливоста на написите од „Викихау“ е што се вклучени во посебен модул на персонализираната страница, која секој корисник на Гугл може да ја отвори за себе, и која покрај линкови до разни извори на информации може да содржи и календар, линкови до сајтови со вести, „ту-ду“ листа со задачи...

ЗА ВЕБ-САЈТОТ
Дополнување: често
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Код: вики
Дизајн: текстуален
Навигација: стандардна
Пребарувач: има
Клучни зборови: има
Јавен бројач: затворен
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг: 8/10
Јазик: англиски
Адреса: http://www.wikihow.com
Филип Стојановски
Извор: Време, рубрика: Веб-сајт на денот, датум на објавување: 26.08.2006