Кодот е закон
27.03.2008.
„Кодот и другите закони на киберпросторот“ е книга од Лоренс Лесиг, основачот на Криејтив комонс, која е преведена на хрватски и достапна бесплатно преку Интернет под лиценцата што дозволува умножување, дистрибуција и преработка доколку се наведе изворот (авторот и преведувачот) и новото дело се објави под исти услови под кои е примено.

Книгата е објавена во 1999 година, но темите и проблемите што ги опфаќа се актуелни. Може да им послужи како одличен вовед на сите заинтересирани за развојот на информатичкото општество што не го познаваат доволно англискиот јазик, а разбираат хрватски или српски.

Особено е интересен делот за примените на знаењата за регулативите за Интернет на полињата на преведување и локализација, интелектуална сопственост, приватност, слобода на изразување и сувереност.

Дополнување: еднократно
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Код: ХТМЛ
Дизајн: текстуален
Навигација: стандардна
Пребарувач: има
Клучни зборови: нема
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг: 2/10
Јазик: хрватски
Адреса: http://www.kod-je-zakon.net

Филип Стојановски
Извор: Време, рубрика: Веб-сајт на денот, датум на објавување: 31.05.2007