Лиценцирајсвое дело ПребарајCC лиценцирани дела

upload.jpg

Ако веќе имате дела објавени под Криејтив комонс, поставете линк до нив. Ако сте автори на дела кои би ги објавиле под Криејтив комонс, а немате простор на веб за тоа, може да го искористите овој портал.

Секој нов автор најпрво треба да го регистрира своето членство на порталот, доколку сака да постави свое дело или линк до истото со цел да биде достапно за останатите посетители.

Објавените дела и додадените линкови потоа стануваат достапни за пребарување, така што посетителите можат да ги преземаат, посетуваат и употребуваат, секако под условите кои авторот ги навел. Информирајте се повеќе!

 
Почетна
Блогерот Рибаро ја објави дебитантската книга под Криејтив комонс
16.04.2009.
ribaro-mala.png
Влијателниот македонски блогер Јане Ѓорѓиоски – Рибаро ја објави збирката раскази „Од Cabaret до OZ“ во форма на е-книга, бесплатно достапна за симнување под лиценца на Криејтив комонс.

Книгата „Од Cabaret до OZ“ е првото дело на Јане Ѓорѓиоски, кој на својот блог Рибаро објавува и литературни дела, но и го користи за прогресивен општествен активизам.
Прочитај повеќе...
 
Криејтив комонс се користи за промоција на Македонија во светот
20.01.2009.

macedonia-timeless.png Во среда, на 24 декември 2008 г., во Музејот на современа уметност во Скопје, беше промовиран спотот за промоција на Македонија - Macedonia Timeless, кој е објавен на интернет со користење на лиценца од Криејтив комонс.

Овој спот, по сценарио и во режија на Милчо Манчевски, е првиот во низата рекламни спотови за туристичка промоција на Македонија во светот. Промоцијата започнува на 25 декември 2008 на CNN и CNN International, а ќе продолжи во други десетина земји на уште осум јазици. 

Прочитај повеќе...
 
Избран победникот на Криејтив комонс конкурсот
5.11.2008.

telefon.png


Избрани се најдобрите фотографии кои учествуваа на конкурсот за најдобра фотографија направена со мобилен телефон, кој имаше за цел да поттикне споделување на што повеќе дигитални авторски дела под најнерестриктивната помеѓу Криејтив комонс лиценците – Наведи извор.
Прочитај повеќе...
 
Кратко одложување на прогласувањето на победникот на Криејтив комонс конкурсот
23.10.2008.
Во очекување на последните гласови од членовите на жирито, победникот на Криејтив комонс конкурсот ќе биде објавен со мало задоцнување од неколку дена.
 
Криејтив комонс конкурс: избрани фотографиите од потесниот круг
17.10.2008.
Во текот на изминатите две недели, жирито кое одлучува за изборот на најдобрата фотографија пријавена на криејтив комонс конкурсот, а сликана со камера од мобилен телефон, го направи потесниот избор од најдобрите 15.

Прочитај повеќе...
 
<< Почеток < Претходна 1 2 3 4 5 6 7 Следна > Крај >>

Резултати 6 - 10 од 34