Лиценцирајсвое дело ПребарајCC лиценцирани дела

upload.jpg

Ако веќе имате дела објавени под Криејтив комонс, поставете линк до нив. Ако сте автори на дела кои би ги објавиле под Криејтив комонс, а немате простор на веб за тоа, може да го искористите овој портал.

Секој нов автор најпрво треба да го регистрира своето членство на порталот, доколку сака да постави свое дело или линк до истото со цел да биде достапно за останатите посетители.

Објавените дела и додадените линкови потоа стануваат достапни за пребарување, така што посетителите можат да ги преземаат, посетуваат и употребуваат, секако под условите кои авторот ги навел. Информирајте се повеќе!

 
Почетна
Заврши Криејтив комонс конкурсот
24.09.2008.
Со официјалното завршување на летото, на 23 септември, официјално го затворивме Криејтив комонс конкурсот за избор на најдобра фотографија или видео клип снимени со мобилен телефон.

Сите фотографии кои беа објавени во категоријата „Криејтив комонс конкурс“, заклучно со вчерашниот ден, се поставени во посебна галерија на веб-сајтот Криејтив комонс Македонија.

Прочитај повеќе...
 
Излезе новиот број на Филолошки студии
18.09.2008.
filoloski-studii.png
Новото издание на „Филолошки студии“ за 2008 г. е објавено на веб-сајтот www.philologicalstudies.org одржуван од Фондацијата Метаморфозис која ја поддржува оваа научна публикација со отворен пристап.

Прочитај повеќе...
 
Македонски филмски ентузијасти се промовираат под Криејтив комонс
25.08.2008.
master-interaktiv.png Неодамна, групата млади ентузијасти кои работат под името „МАСТЕР Интерактив“, а се занимаваат со изработка на краткометражни филмови, ја лиценцираа својата работа под Криејтив комонс. Филмските дела се поставени на официјалниот веб-сајт на клубот и им се на располагање на посетителите , се додека тие ги почитуваат условите пропишани во лиценцата: Наведи извор-Некомерцијално-Сподели под исти услови 2.5 Македонија.
Прочитај повеќе...
 
Дигиталниот архив на македонскиот јазик под Криејтив комонс
17.07.2008.
digitalen arhiv.jpg Неодамна објавениот сајт на Дигиталниот архив на македонскиот јазик на Истражувачкиот центар за ареална лингвистика на МАНУ, наменет за промоција на ретки книги и материјали поврзани со македонскиот јазик во дигитална форма, се здоби со Криејтив комонс лиценцата Наведи извор 2.5 Македонија.

Прочитај повеќе...
 
Дејан Велковски со нова книга под Криејтив комонс
11.07.2008.
b.-intro.png Блогерот Дејан Велковски, кој неодамна го објави блог-романот „Грабежот“, денеска промовираше ново дело под Криејтив комонс. Се работи за збирката поезија со наслов „Б. (или поезија за луѓето што презираат поезија)“, со која има победено на анонимен конкурс. Збирката антипоетски текстови првично беше издадена во печатено издание, а отсега е достапна и во електронско под лиценцата Creative Commons Наведи извор-Некомерцијално-Без адаптирани дела. 2.5 Македонија.
 
<< Почеток < Претходна 1 2 3 4 5 6 7 Следна > Крај >>

Резултати 11 - 15 од 34