Детали за Тимон од Атина - Вилијам Шекспир (превод на македонски: Драги Михајловски)
Поле
Податок
Име
Тимон од Атина - Вилијам Шекспир (превод на македонски: Драги Михајловски)
Опис
Тимон од Атина е една од т.н. не многу познати драми на Вилијам Шекспир. Едноставно човек да се уплаши колку тучна енергија лежи зад идејата да се стави, преку ликот на господарот Тимон, мизантропството на распетие, да се манифестира очајот што му е потхрана и вдахновение, притоа да се стигне до самиот раб, да се наѕре во амбисот на човековата ментална и психо-физичка конституција но да не се падне во него туку преку еден друг лик, Алкибијад, да се обнови нормалната состојба на духот и работите да се вратат во границите на прифатените норми на однесување и да се поткрепи идејата дека секогаш имало и ќе има некаков си Фортинбрас или Сер Гавејн или Исус што ќе ја обноват природата, животот, ќе турат пепел на актуелниот привид и ќе отворат поле за нов, попривлечен и поубав привид.
Ова е второ издание на првиот превод од Тимон од Атина на македонски јазик.