Лиценцирајсвое дело ПребарајCC лиценцирани дела
Почетна arrow Линкови и дела (Пријавување и преземање) arrow Ромео и Јулија - В. Шекспир (превод на македонски: Драги Михајловски)
Детали за Ромео и Јулија - В. Шекспир (превод на македонски: Драги Михајловски)
ПолеПодаток
ИмеРомео и Јулија - В. Шекспир (превод на македонски: Драги Михајловски)
Опис

Трагедијата Ромео и Јулија е од првиот период на творештвото на Вилијам Шекспир. Веројатно е напишана околу 1592 година, првпат поставена на сцена околу 1595 година, а првпат печатена во првото кварто издание од 1597 година. Делото е пишувано во фин јампски десетерец, без многу опчекорување и со чести рими, доказ дека е создадено во периодот кога во англиската поезија доминира залуденоста по прецизната, чисто љубовна, сонетна форма.

Трагичниот крај како да не се совпаѓа со долго градената атмосфера на оптимизам, верба во животот и опстанокот на убавото во светот. Но таква била желбата на авторот или така го водела приказната, се разбира, позајмена од други автори.

Ова е прв превод на Ромео и Јулија на македонски јазик правен непосредно од англискиот оригинал.

Creative Commons License
Ова дело е објавено под лиценцата Криејтив комонс Наведи извор-Некомерцијално-Без адаптирани дела. 2.5 Македонија.

Имеvilijam_shekspir,_romeo_i_julija.pdf
Големина452.22 kB
Типpdf (Mime Type: application/pdf)
Креаторirina
Креирано на: 03/14/2008 10:35
Преземања281 Преземања