Детали за Ричард Трети - В. Шекспир (превод на македонски: Драги Михајловски)
Поле
Податок
Име
Ричард Трети - В. Шекспир (превод на македонски: Драги Михајловски)
Опис
Ричард Трети е драма што припаѓа
на првиот период од творештвото на Вилијам Шекспир.И според
настаните и според самите ликови, Ричард Трети е драма длабоко впиена во
историјата на англискиот народ. Заедно со Хенри Шести (особено третиот дел),
таа го опфаќа веројатно најтажниот период од англиската историја: граѓанската
војна од втората половина на 15-от. Но и покрај историската подлога, Ричард
Трети не може да се смета само за историска драма. Неколкуте прикажани трагични
судбини започнати и завршени во едно сурово време, ја издигнуваат неа до ниво
на индивидуална и колективна трагедија. Од индивидуалните судбини, најприсутна
и најдетално е следена онаа на кралот Ричард.
Драмата
Ричард Трети е првпат преведена на македонски од Драги Михајловски во 1985
година, а првпат поставена на сцената на МНТ од режисерот Рахим Бурхан во 1989
година. Овa e преработена верзија на првиот превод.