Детали за Танте за кукуригу - Вилијам Шекспир (превод на македонски: Драги Михајловски)
Поле
Податок
Име
Танте за кукуригу - Вилијам Шекспир (превод на македонски: Драги Михајловски)
Опис
Драмата се сосредоточува на сексот движејќи се од раскалашеноста
на борделите до екстремната чесност на калуѓерството. Сексот служи за испитување на базата за воспоставување
на здраво општество покажано низ односот помеѓу законот и моралноста и за искушување
на човечкото поведение во услови на емоционален стрес. Поставените проблеми се
сериозни, тонот, како и во другите комедии од периодот 1601-04, мрачен. Во тој
поглед оваа е најмрачната од сите мрачни комедии на Шекспир. Сепак, делото е комедија
во класична смисла на зборот.
Некои од современите критичари, кои ја
подложија драмата на поблиско преиспитување, ја гледаат како религиозна алегорија, некои како проблемска
драма, а дури како сатира.
Ова е
прв превод на Танте за кукуригу на македонски јазик.