Детали за Кориолан - В. Шекспир (превод на македонски: Драги Михајловски)
Поле
Податок
Име
Кориолан - В. Шекспир (превод на македонски: Драги Михајловски)
Опис
Кориолан е една од последните трагедии на Шекспир, напишана некаде околу 1608 година, а првпат печатена дури во Првото фолио издание од 1623 година.
Кориолан е политичка драма во која сепак не доминира политиката, расправиите за демократијата, војната и мирот, партискиот систем, туку индивидуалното доживување на еден дух ставен на тешко искушение и приклештен во менѓемето меѓу службата кон татковината, сопствената жед за слава, потребите на храброста, илитизмот и презирот кон толпата и, се разбира, прангите на моќниот мајчин јарем.