| Опис |
Секое зло за арно е комедија напишана во периодот помеѓу 1601-1604 година, кога Шекспир ги напишал големите трагедии Хамлет, Отело, Макбет и Крал Лир. Оттука, поради мрачниот тон и тегобната атмосфера а, пред сe, поради развојот на настаните кои, по сите свои карактеристики, неизбежно навестуваат трагична разврска, но сепак, иако мошне насилно, среќно завршуваат, делото спаѓа во таканаречените црни или горчливи комедии.
Оваа комедија првпат е печатена во 1623 година а главното дејство, приказната за Бертрам и Хелена, се темели врз деветтата новела од третиот ден во Бокачовиот Декамерон. Под заплетот, приказната за Парол, е измислен од Шекспир.
Ова е прв превод на Секое зло за арно на македонски јазик.
Ова дело е објавено под лиценцата Криејтив комонс Наведи извор-Некомерцијално-Без адаптирани дела. 2.5 Македонија.
|