Лично, причината поради која прифатив да напишам неколку зборови за “археолошкиот дневник“ на Василка е и нејзиниот светоглед кој е на високо естетско ниво, пра-етички , неоптоварен од провинцијалното мегаломанство, идеолошката преоптовареност или вулгарната политизација која, како и во останатите опшстествени сегменти е прилично присутна. Многу наши поафирмирани археолози може да и завидат на авторката на нејзината пишувачка дарба, која нејзините лични “откритија“ умее да ни ги напише на еден “научно-популарен“ стил, многу префинет, многу јасен и прецизен, пред се, разбирлив за пошироката интернет публика. Често дополнето со “артефакти“, како фотографии, аудио-видео материјали, направија нејзиниот блог да се стекне покрај научната, едукативната и со атрактивна димензија.