Книгата „Од Cabaret до OZ“ е првото дело на Јане Ѓорѓиоски познат како Рибаро. Видено низ постмодернистичка призма, книгата може да ја сметаме и за структурно разграден роман или новела, а интензитетот на приказните се зголемува прогресивно низ целата книга.Текстовите се објавени од блогот http://ribaro.blog.com.mk, а печатеното издание го објави издавачката куќа „Аквариус пет“ во едицијата „Блог записи“.