Детали за Веселите жени од Виндзор - Вилијам Шекспир (превод на македонски: Драги Михајловски)
Поле
Податок
Име
Веселите жени од Виндзор - Вилијам Шекспир (превод на македонски: Драги Михајловски)
Опис
Веселите жени од Виндзор е една од ретките драми на Шекспир чие дејство целосно се случува во Англија и низ кое се дава верна слика на веселата Англија од крајот на Шеснаесеттиот век преку портретирањето на низа ликови од граѓанското општество и доловувањето на нивната простодушност, нивната срдечност, полнокрвност и подготвеност за шега во секое време. Здравиот хумор, добронамерноста и веселоста брзгаат од секој стих, секоја реченица, секоја реплика и сè е кажано на едноставен, разговорен но мошне духовит јазик.
Главниот заплет – Фалстафовото лажно додворување на жените од господата Рабуш и Плиткавода за да се извлече од тешката финансиска состојба и неговото насамарување – напишан е во сочна, блескава проза, додека споредниот – романтичната приказна за младата мома Ана Рабуш, нејзините додворувачи и мажачката со Фентон – во стих.
Ова е првиот македонски “превод” на Веселите жени од Виндзор. Превод е под наводници бидејќи направен е напор оригиналниот текст максимално да се актуализира за да може гледачот, на некој начин, да се поистовети и да ги почувствува ликовите блиски до себе.