Детали за „Писателот Варски и други раскази“ од Дуле Варваринот
Поле
Податок
Име
„Писателот Варски и други раскази“ од Дуле Варваринот
Опис
„Писателот Варски и други раскази“ е првото литературно дело на Душко Гошевски, повеќе познат како Дуле Варваринот од Валандово. Ова дело тој го пријави на конкурсот за најдобра дебитантска проза „Новите: 2007“ во организација на издавачката куќа Темплум, при што влезе во потесниот избор за главната награда. Најголем дел од содржините во книгата се презентирани на неговиот блог www.dukisbook.blog.com.mk, каде што покрај раскази и поезија можат да се најдат и мислења и критики за книжевноста, уметноста и музиката. Книгата е достапна во електронска форма, но пистателот верува дека еден ден таа ќе доживее и печатено издание.