Лиценцирајсвое дело ПребарајCC лиценцирани дела
Почетна arrow Линкови и дела (Пријавување и преземање) arrow Литература
Литература
Литературни дела, во форма на цели книги или индивидуални текстови - романи, раскази, песни, поеми, стихозбирки.

ДокументиДодадено на

Подреди по : Име | Датум | Погледи [ Растечко ]

Ред поезија ред проза

Редни Броеви (или песни со посвета) - Маја Гоческа

Трагедијата Ромео и Јулија е од првиот период на творештвото на Вилијам Шекспир. Веројатно е напишана околу 1592 година, првпат поставена на сцена околу 1595 година, а првпат печатена во првото кварто издание од 1597 година. Делото е пишувано во фин јампски десетерец, без многу опчекорување и со чести рими, доказ дека е создадено во периодот кога во англиската поезија доминира залуденоста по прецизната, чисто љубовна, сонетна форма.

Трагичниот крај како да не се совпаѓа со долго градената атмосфера на оптимизам, верба во животот и опстанокот на убавото во светот. Но таква била желбата на авторот или така го водела приказната, се разбира, позајмена од други автори.

Ова е прв превод на Ромео и Јулија на македонски јазик правен непосредно од англискиот оригинал.

Creative Commons License
Ова дело е објавено под лиценцата Криејтив комонс Наведи извор-Некомерцијално-Без адаптирани дела. 2.5 Македонија.

Во печатена форма, делото е објавено во 2003 година и претставува спој на повеќе избрани и 7 нови раскази. Во збирката ќе ги најдете: „Лилјак“ и „Родителски“ од збирката „Речното улиште“; „Мајстор“, „Случка“, „Свртничар“, „ЏИИИ“, „Сведок“, „Месечари“, „Печуркар“ и „Ѓон“ од збирката „Ѓон“; од „Скок со стап“ се расказите „Куќа во Солун“, „Среќна Нова“, „Копиле“, „Поштар“ и „Скок со стап“ додека „Коле“, „Антологичар“, „ЏИВ“, „Милтон“, „Заем“, „Кошница и костум“ и „Тасичо“ се од „Триполската капија“.

Автор на збирката „Раскази од шести кат“ е Драги Михајловски.

Creative Commons License
Ова дело е објавено под лиценцата Криејтив комонс Наведи извор-Некомерцијално-Без адаптирани дела. 2.5 Македонија.

Ричард Трети е драма што припаѓа на првиот период од творештвото на Вилијам Шекспир. И според настаните и според самите ликови, Ричард Трети е драма длабоко впиена во историјата на англискиот народ. Заедно со Хенри Шести (особено третиот дел), таа го опфаќа веројатно најтажниот период од англиската историја: граѓанската војна од втората половина на 15-от. Но и покрај историската подлога, Ричард Трети не може да се смета само за историска драма. Неколкуте прикажани трагични судбини започнати и завршени во едно сурово време, ја издигнуваат неа до ниво на индивидуална и колективна трагедија. Од индивидуалните судбини, најприсутна и најдетално е следена онаа на кралот Ричард.

Драмата Ричард Трети е првпат преведена на македонски од Драги Михајловски во 1985 година, а првпат поставена на сцената на МНТ од режисерот Рахим Бурхан во 1989 година. Овa e преработена верзија на првиот превод.

Creative Commons License
Ова дело е објавено под лиценцата Криејтив комонс Наведи извор-Некомерцијално-Без адаптирани дела. 2.5 Македонија.

„Писателот Варски и други раскази“ е првото литературно дело на Душко Гошевски, повеќе познат како Дуле Варваринот од Валандово. Ова дело тој го пријави на конкурсот за најдобра дебитантска проза „Новите: 2007“ во организација на издавачката куќа Темплум, при што влезе во потесниот избор за главната награда. Најголем дел од содржините во книгата се презентирани на неговиот блог www.dukisbook.blog.com.mk, каде што покрај раскази и поезија можат да се најдат и мислења и критики за книжевноста, уметноста и музиката. Книгата е достапна во електронска форма, но пистателот верува дека еден ден таа ќе доживее и печатено издание.

Creative Commons License
Ова дело е објавено под лиценцата Криејтив комонс Наведи извор-Некомерцијално 2,5 Македонија.

Книгата „Луѓе на кои не им се отвора падобранот“ од Алекс Букарски, во која авторот ги опишува двете фази од својот живот, во 2007 г. ја освои првата награда на конкурсот „Новите“, организиран од Темплум. Збирката раскази се состои од текстови објавувани на блогот www.bukarski.com. Популарниот Букаро на свој типично експлицитен начин ги пренесува неговите ставови и погледи за современиот урбан живот во Македонија.

CreativeCommonsLicense

Ова дело е објавено под лиценцата Криејтив комонс Наведи извор-Некомерцијално 2,5 Македонија.

Веселите жени од Виндзор Танте за кукуригу
Комедија на забуни Ромео и Јулија
Кротењето на опаката Ричард Трети
Со сила убавина не бидува Кориолан
Од влакно ортома Тимон од Атина
Секое зло за арно  

Збирката ги обединува 11-те драми од Вилијам Шекспир кои на македонски ги преведе Драги Михајловски. На овој начин, читателите имаат можност од едно електронско издание да пристапуваат до саканото дело во било кој момент.

Покрај како пакет, секоја од драмите е достапна за преземање од овој портал и како самостојно електронско издание.

CreativeCommonsLicense
Ова дело е објавено под лиценцата Криејтив комонс Наведи извор-Некомерцијално-Без адаптирани дела. 2.5 Македонија.

<< Почеток < Претходна 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следна > Крај >>
Резултати 91 - 99 од 99

Пребарување

PDF+CC

Advertisement

Најавување






Си ја заборавивте лозинката?
Сè уште немате налог? Направете



Communia




Order Cheap Female Viagra (Sildenafil) Online
Buy Cheap Malegra DXT Online
Buy Cheap Nolvadex Online
Buy Cheap Levitra Online
Buy Cheap Cialis Professional Online
Buy Cheap Flagyl Online
Buy Cheap Malegra DXT Online
buy levitra in new zealand
viagra buy online usa
buy prednisone 10mg
cialis viagra cheap
buy generic levitra with dapoxetine
viagra tablets for male online shopping in india
buy prednisone online cheap
buy generic viagra cialis levitra
Buy Cheap Malegra DXT Online
Buy Cheap Nolvadex Online
Buy Cheap Levitra Online