Лиценцирајсвое дело ПребарајCC лиценцирани дела
Почетна arrow Линкови и дела (Пријавување и преземање) arrow Литература
Литература
Литературни дела, во форма на цели книги или индивидуални текстови - романи, раскази, песни, поеми, стихозбирки.

ДокументиДодадено на

Подреди по : Име | Датум | Погледи | [ Растечко ]

Трагедијата Ромео и Јулија е од првиот период на творештвото на Вилијам Шекспир. Веројатно е напишана околу 1592 година, првпат поставена на сцена околу 1595 година, а првпат печатена во првото кварто издание од 1597 година. Делото е пишувано во фин јампски десетерец, без многу опчекорување и со чести рими, доказ дека е создадено во периодот кога во англиската поезија доминира залуденоста по прецизната, чисто љубовна, сонетна форма.

Трагичниот крај како да не се совпаѓа со долго градената атмосфера на оптимизам, верба во животот и опстанокот на убавото во светот. Но таква била желбата на авторот или така го водела приказната, се разбира, позајмена од други автори.

Ова е прв превод на Ромео и Јулија на македонски јазик правен непосредно од англискиот оригинал.

Creative Commons License
Ова дело е објавено под лиценцата Криејтив комонс Наведи извор-Некомерцијално-Без адаптирани дела. 2.5 Македонија.

Во печатена форма, делото е објавено во 2003 година и претставува спој на повеќе избрани и 7 нови раскази. Во збирката ќе ги најдете: „Лилјак“ и „Родителски“ од збирката „Речното улиште“; „Мајстор“, „Случка“, „Свртничар“, „ЏИИИ“, „Сведок“, „Месечари“, „Печуркар“ и „Ѓон“ од збирката „Ѓон“; од „Скок со стап“ се расказите „Куќа во Солун“, „Среќна Нова“, „Копиле“, „Поштар“ и „Скок со стап“ додека „Коле“, „Антологичар“, „ЏИВ“, „Милтон“, „Заем“, „Кошница и костум“ и „Тасичо“ се од „Триполската капија“.

Автор на збирката „Раскази од шести кат“ е Драги Михајловски.

Creative Commons License
Ова дело е објавено под лиценцата Криејтив комонс Наведи извор-Некомерцијално-Без адаптирани дела. 2.5 Македонија.

Во книгата Ендрју, љубов и други непогоди (2004) е поместена истоимената драма во друштво со две други: Трета врата (2001) и Девиците од исток сонуваат секс и/ли љубов (1998). Во секој од овие текстови Жарко Кујунџиски толкува инакви актерски судри и обработува инаква драмска поетика: од реалистичен дискурс, преку драма на апсурд, до постмодерен театар. Книгата првпат е објавена во 2004 година, а веќе од следната година тиражот беше исцрпен. Ова е втора шанса.

Романот „Мојот Скендербеј“ претставува коментар на современата стварност од страна на авторот, за која цел е искористен ликот на Скендербег.

Делото не претставува класичен роман бидејќи се состои од 13 делови, меѓусебно поврзани со иста раскажувачка нишка, кои на тој начин ја градат целината.

Овој роман го доживеа првото печатено издание во 2006 година, а веќе наредната година беше добитник на престижната книжевна награда Стале Попов.

Ова е прво издание на делото во електронска форма со што станува и бесплатно достапно за заинтересираната читателска публика.

CreativeCommonsLicense
Ова дело е објавено под лиценцата Криејтив комонс Наведи извор-Некомерцијално-Без адаптирани дела. 2.5 Македонија.

Секое зло за арно е комедија напишана во периодот помеѓу 1601-1604 година, кога Шекспир ги напишал големите трагедии Хамлет, Отело, Макбет и Крал Лир. Оттука, поради мрачниот тон и тегобната атмосфера а, пред сe, поради развојот на настаните кои, по сите свои карактеристики, неизбежно навестуваат трагична разврска, но сепак, иако мошне насилно, среќно завршуваат, делото спаѓа во таканаречените црни или горчливи комедии.

Оваа комедија првпат е печатена во 1623 година а главното дејство, приказната за Бертрам и Хелена, се темели врз деветтата новела од третиот ден во Бокачовиот Декамерон. Под заплетот, приказната за Парол, е измислен од Шекспир.

Ова е прв превод на Секое зло за арно на македонски јазик.

Creative Commons License
Ова дело е објавено под лиценцата Криејтив комонс Наведи извор-Некомерцијално-Без адаптирани дела. 2.5 Македонија.

Книгава е збирка поезија во која низ стихови се опишани чувствата на авторот. Чувства предизвикани од предизвикот да се љуби без да се постигне добивка од љубениот. Постојат нешта чии мириси единствено се чуствуваат со безусловна љубов!

Содржи 63 песни и неколку хаику.

Посветена е на Бокас!

Бладањата често мирисаат на лудило, но дали љубовта е лудило? Кој блада, а кој забранува?..

Книгата е составена од три дела и секој од нив содржи раскази кои се тесно поврзани меѓу себе. Најмногу е застапен жанрот научна фантастика!

Посветена е на Бокас!

Збирка поезија од Маја Гоческа.

Ова се стихови кои им ги посветувам на моите најмили и на сите оние кои знаат да сакаат , да љубат, да посакуваат, да сонуваат и да губат...

Складиште на дигитализирани ретки книги и материјали поврзани со македонскиот јазик

CreativeCommonsLicense Освен во случаите каде што е наведено поинаку, делата од дигиталниот архив на македонскиот јазик се лиценцирани со лиценцата Криејтив комонс Наведи извор 2.5 Македонија.
<< Почеток < Претходна 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следна > Крај >>
Резултати 71 - 80 од 99

Пребарување

PDF+CC

Advertisement

Најавување






Си ја заборавивте лозинката?
Сè уште немате налог? Направете



Communia




Order Cheap Female Viagra (Sildenafil) Online
Buy Cheap Malegra DXT Online
Buy Cheap Nolvadex Online
Buy Cheap Levitra Online
Buy Cheap Cialis Professional Online
Buy Cheap Flagyl Online
Buy Cheap Malegra DXT Online
buy levitra in new zealand
viagra buy online usa
buy prednisone 10mg
cialis viagra cheap
buy generic levitra with dapoxetine
viagra tablets for male online shopping in india
buy prednisone online cheap
buy generic viagra cialis levitra
Buy Cheap Malegra DXT Online
Buy Cheap Nolvadex Online
Buy Cheap Levitra Online