Лиценцирајсвое дело ПребарајCC лиценцирани дела
Почетна arrow Линкови и дела (Пријавување и преземање) arrow Литература
Литература
Литературни дела, во форма на цели книги или индивидуални текстови - романи, раскази, песни, поеми, стихозбирки.

ДокументиДодадено на

Подреди по : Име | Датум | Погледи | [ Растечко ]

Кориолан е една од последните трагедии на Шекспир, напишана некаде околу 1608 година, а првпат печатена дури во Првото фолио издание од 1623 година.

Кориолан е политичка драма во која сепак не доминира политиката, расправиите за демократијата, војната и мирот, партискиот систем, туку индивидуалното доживување на еден дух ставен на тешко искушение и приклештен во менѓемето меѓу службата кон татковината, сопствената жед за слава, потребите на храброста, илитизмот и презирот кон толпата и, се разбира, прангите на моќниот мајчин јарем.

Ова е прв превод на Кориолан на македонски јазик.

Creative Commons License
Ова дело е објавено под лиценцата Криејтив комонс Наведи извор-Некомерцијално-Без адаптирани дела. 2.5 Македонија.

Ричард Трети е драма што припаѓа на првиот период од творештвото на Вилијам Шекспир. И според настаните и според самите ликови, Ричард Трети е драма длабоко впиена во историјата на англискиот народ. Заедно со Хенри Шести (особено третиот дел), таа го опфаќа веројатно најтажниот период од англиската историја: граѓанската војна од втората половина на 15-от. Но и покрај историската подлога, Ричард Трети не може да се смета само за историска драма. Неколкуте прикажани трагични судбини започнати и завршени во едно сурово време, ја издигнуваат неа до ниво на индивидуална и колективна трагедија. Од индивидуалните судбини, најприсутна и најдетално е следена онаа на кралот Ричард.

Драмата Ричард Трети е првпат преведена на македонски од Драги Михајловски во 1985 година, а првпат поставена на сцената на МНТ од режисерот Рахим Бурхан во 1989 година. Овa e преработена верзија на првиот превод.

Creative Commons License
Ова дело е објавено под лиценцата Криејтив комонс Наведи извор-Некомерцијално-Без адаптирани дела. 2.5 Македонија.

Големата енигма, авторот кој припаѓа на феноменот наречен „писатели без идентитет”, што значи писатели кои радикално го избегнуваат публицитетот, конечно во електронски формат. Неговите песни се шират по директен контакт на пријатели и познајници – електронска пошта, СМС-пораки, писма, графити, најчесто без потпис на авторот, па и под различни имиња.

Читателите за него не знаат каде е роден, како изгледа, дали постои како единствена личност, на кој начин заработува. Концептот на антиавторство е поврзан со концептот на сечија поезија, што ќе каже не е битно кој пишува, туку каков ефект и впечатоци побудува текстот кај читателот.

Долго време се мислело дека ова е едно од најраните дела на мајсторот од Стратфорд на кое тој чиракувал и го учел занаетот. Во поново време, шекспиролозите утврдиле дека ова сепак не е една од најраните драми, туку дека е создадена во периодот кога се напишани Ричард Втори, Ромео и Јулија или недрамските дела вклучувајќи ги и сонетите. Mногубројните поставувања на сцена, покажаа дека Со сила убавина не бидува е сè уште привлечна како забавна пиеса, мистерија, па и како драма.

Најраниот текст на драмата е од кварто изданието од 1598 година на чија насловна страна стои: “Пријатно срочена комедија наречена Со сила убавина не бидува. Како што беше прикажана пред нејзиното величество овој Божик. Поправена и зголемена од Вилијам Шекспир… итн.”

Ова е прв превод на Со сила убавина не бидува на македонски јазик.

Creative Commons License
Ова дело е објавено под лиценцата Криејтив комонс Наведи извор-Некомерцијално-Без адаптирани дела. 2.5 Македонија.

Драмата се сосредоточува на сексот движејќи се од раскалашеноста на борделите до екстремната чесност на калуѓерството. Сексот служи за испитување на базата за воспоставување на здраво општество покажано низ односот помеѓу законот и моралноста и за искушување на човечкото поведение во услови на емоционален стрес. Поставените проблеми се сериозни, тонот, како и во другите комедии од периодот 1601-04, мрачен. Во тој поглед оваа е најмрачната од сите мрачни комедии на Шекспир. Сепак, делото е комедија во класична смисла на зборот.

Некои од современите критичари, кои ја подложија драмата на поблиско преиспитување, ја гледаат како религиозна алегорија, некои како проблемска драма, а дури како сатира.

Ова е прв превод на Танте за кукуригу на македонски јазик.

Creative Commons License
Ова дело е објавено под лиценцата Криејтив комонс Наведи извор-Некомерцијално-Без адаптирани дела. 2.5 Македонија.


Книгата „Од Cabaret до OZ“ е првото дело на Јане Ѓорѓиоски познат како Рибаро. Видено низ постмодернистичка призма, книгата може да ја сметаме и за структурно разграден роман или новела, а интензитетот на приказните се зголемува прогресивно низ целата книга.Текстовите се објавени од блогот http://ribaro.blog.com.mk, а печатеното издание го објави издавачката куќа „Аквариус пет“ во едицијата „Блог записи“.

CreativeCommonsLicense

Дигиталната верзија од ова дело е објавено под лиценцата Криејтив комонс Наведи извор-Некомерцијално 2,5 Македонија.

Елементи е книга која настана како природно заокружување на она што Маргарита Иванова алијас Леонова активно го објавуваше на својот блог во изминатава година и половина и повеќе. Делото го карактеризираат избрани убави зборови, многу илустрации и фотографии, па така во овој документ ќе најдете двојно задоволство додека го читате.

CreativeCommonsLicense

Дигиталната верзија на оваа книга е објавена според условите на лиценцата Криејтив комонс Наведи извор-Некомерцијално-Без адаптирани дела. 2.5 Македонија.

Комедијата Од влакно ортома првпат се појавува во 1598 година. Главниот заплет се темели претежно врз една приказна од Матео Бандело врз која се надоградени делови од Бесниот Орландо на Ариосто.

Оваа романтична комедија, критичарите ја сметаат за сјајно но неизбалансирано дело. Главната приказна за Хера и Клаудио бледнее покрај остроумните двобои помеѓу бистрата, зборлеста Беатриче и закоравениот ерген Бенедик, ликови внесени во изворната приказна од самиот Шекспир.

Драмата изобилува со незабележувања на суштината (notings) кои водат до лажни заклучоци. Всушност, целото општество за кое говори Шекспир е полно со еден вид цивилизирана плиткост, свет наивен и неспособен да се брани пред јасно видливите канџи на злото.

Ова е прв превод на Од влакно ортома на македонски јазик.

Creative Commons License
Ова дело е објавено под лиценцата Криејтив комонс Наведи извор-Некомерцијално-Без адаптирани дела. 2.5 Македонија.

Со оглед на жанрот сам по себеси и содржината на новелата, „Танцот на душата“ е всушност нешто што претставуваа крик на исчекор кон она поголемото, во кој има многу неизвесности, многу ризици и опасности, човек да се изгуби себеси, човек да биде жртва, да биде излажан да се продаде итн. Во оваа новела душата танцува, а за да се одлепи од животот на земјата патува низ надреалистички простори. Меѓутоа, токму во судирот со тој простор таа зрее, расте за да ништо повеќе не може да ја извалка, ништо повеќе да ја изгнаси, еден вид откровение, мора да помине низ еден ритуал кој бил врзан со мака, со страдање кој не бил секогаш лесен за која било потребно храброст, за која било потребно, пред сè, решителност.

CreativeCommonsLicense
Ова дело е објавено под лиценцата Криејтив комонс Наведи извор-Некомерцијално-Без адаптирани дела. 2.5 Македонија.

Кротењето на опаката не е најдобрата комедија на Шекспир но сигурно дека е една од најуспешните ако не и најуспешна.

Комедијата се состои од три дела, различни по содржина кои меѓусебно се испреплетуваат. Ефектот од мешањето на трите приказни во една е повеќе од очигледен: дивата, груба, неизделкана фарса претворена е во бујна комедија во чија срж лежат различните размислувања за љубовта и бракот прикажани преку живи, пластични, полнокрвни ликови.

Ова е второ издание на првиот превод на Кротењето на опаката на македонски јазик.

Creative Commons License
Ова дело е објавено под лиценцата Криејтив комонс Наведи извор-Некомерцијално-Без адаптирани дела. 2.5 Македонија.

<< Почеток < Претходна 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следна > Крај >>
Резултати 81 - 90 од 99

Пребарување

PDF+CC

Advertisement

Најавување






Си ја заборавивте лозинката?
Сè уште немате налог? Направете



Communia




Order Cheap Female Viagra (Sildenafil) Online
Buy Cheap Malegra DXT Online
Buy Cheap Nolvadex Online
Buy Cheap Levitra Online
Buy Cheap Cialis Professional Online
Buy Cheap Flagyl Online
Buy Cheap Malegra DXT Online
buy levitra in new zealand
viagra buy online usa
buy prednisone 10mg
cialis viagra cheap
buy generic levitra with dapoxetine
viagra tablets for male online shopping in india
buy prednisone online cheap
buy generic viagra cialis levitra
Buy Cheap Malegra DXT Online
Buy Cheap Nolvadex Online
Buy Cheap Levitra Online