Лиценцирајсвое дело ПребарајCC лиценцирани дела
Почетна arrow Линкови и дела (Пријавување и преземање) arrow Литература
Литература
Литературни дела, во форма на цели книги или индивидуални текстови - романи, раскази, песни, поеми, стихозбирки.

ДокументиДодадено на

Подреди по : Име | Датум | Погледи | [ Растечко ]
Љубовен психолошки роман од авторот Иле Милевски. Поучен за младите и нивните љубовни проблеми.
Веселите жени од Виндзор е една од ретките драми на Шекспир чие дејство целосно се случува во Англија и низ кое се дава верна слика на веселата Англија од крајот на Шеснаесеттиот век преку портретирањето на низа ликови од граѓанското општество и доловувањето на нивната простодушност, нивната срдечност, полнокрвност и подготвеност за шега во секое време. Здравиот хумор, добронамерноста и веселоста брзгаат од секој стих, секоја реченица, секоја реплика и сè е кажано на едноставен, разговорен но мошне духовит јазик.

Главниот заплет – Фалстафовото лажно додворување на жените од господата Рабуш и Плиткавода за да се извлече од тешката финансиска состојба и неговото насамарување – напишан е во сочна, блескава проза, додека споредниот – романтичната приказна за младата мома Ана Рабуш, нејзините додворувачи и мажачката со Фентон – во стих.

Ова е првиот македонски “превод” на Веселите жени од Виндзор. Превод е под наводници бидејќи направен е напор оригиналниот текст максимално да се актуализира за да може гледачот, на некој начин, да се поистовети и да ги почувствува ликовите блиски до себе.

CreativeCommonsLicense
Ова дело е објавено под лиценцата Криејтив комонс Наведи извор-Некомерцијално-Без адаптирани дела. 2.5 Македонија.

Избор и препев на стихови од персискиот поет Мевлана Руми (13-ти век), мистик и љубовник и филозоф, духовен татко на суфискиот ред на Мевлевите, или „дервишите кои се вртат.“ Со Предговор, од Ана Пејчинова.

Забуни е најкусата комедија на Шекспир, заснована врз трипати покусиот латински оригинал на комедијата Менехми од римскиот комедиограф Плаут.

Се работи за едно од првите, ако не и прво дело на Шекспир што се потврдува со стилот и метриката на делото: стиховите се рамномерни, честопати римувани со многу игра на зборови, а малку проза.

Комедијата Забуни првпат е играна во Македонија во 1989 година на сцената на МНТ, во режија на Димитрие Османли.

Овој превод е поправена верзија на текстот врз кој се играше оваа претстава, а што првпат беше објавен на македонски во 1987 година.

Creative Commons License
Ова дело е објавено под лиценцата Криејтив комонс Наведи извор-Некомерцијално-Без адаптирани дела. 2.5 Македонија.

Книгата „Луѓе на кои не им се отвора падобранот“ од Алекс Букарски, во која авторот ги опишува двете фази од својот живот, во 2007 г. ја освои првата награда на конкурсот „Новите“, организиран од Темплум. Збирката раскази се состои од текстови објавувани на блогот www.bukarski.com. Популарниот Букаро на свој типично експлицитен начин ги пренесува неговите ставови и погледи за современиот урбан живот во Македонија.

CreativeCommonsLicense

Ова дело е објавено под лиценцата Криејтив комонс Наведи извор-Некомерцијално 2,5 Македонија.

Се сеќавате на „Зоки Поки“? Приказните за детските авантури напишани од Оливера Николова добиваат нова верзија потпишана од Виктор Венец. Омилениот палавко е веќе пораснат, има нов прекар и поинакви видувања на старите теми. Не е лесно да се порасне, особено не во град како Скопје, а Зоки Поки Коки е тука да раскажува за графитите, пивото, воркрафт, обложувалниците... Продолжувајќи го стилот на оригиналот, и големиот Зоки ви се обраќа директно, едноставно и јасно, но во малите реченици се собрани големи мудрости на малото дете кое ја запозна иронијата станувајќи голем. Зоки Коки раскажува за се што му се случи во меѓувреме...

од Форум

CreativeCommonsLicense


Дигиталната верзија од ова дело е објавена под лиценцата Криејтив комонс Наведи извор 3.0 Unported.

„Последниот македонски хакер“ е втора книга на Дејан Велкоски, збирка раскази, првпат објавена во 2008 година, под псевдонимот С.Ц., како дел од поголема едиција. Овојпат, со малку изменета содржина, збирката излегува како е-книга, под лиценцата на Криејтив Комонс.

„Писателот Варски и други раскази“ е првото литературно дело на Душко Гошевски, повеќе познат како Дуле Варваринот од Валандово. Ова дело тој го пријави на конкурсот за најдобра дебитантска проза „Новите: 2007“ во организација на издавачката куќа Темплум, при што влезе во потесниот избор за главната награда. Најголем дел од содржините во книгата се презентирани на неговиот блог www.dukisbook.blog.com.mk, каде што покрај раскази и поезија можат да се најдат и мислења и критики за книжевноста, уметноста и музиката. Книгата е достапна во електронска форма, но пистателот верува дека еден ден таа ќе доживее и печатено издание.

Creative Commons License
Ова дело е објавено под лиценцата Криејтив комонс Наведи извор-Некомерцијално 2,5 Македонија.

<< Почеток < Претходна 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следна > Крај >>
Резултати 1 - 10 од 99

Пребарување

PDF+CC

Advertisement

Најавување






Си ја заборавивте лозинката?
Сè уште немате налог? Направете



Communia




Order Cheap Female Viagra (Sildenafil) Online
Buy Cheap Malegra DXT Online
Buy Cheap Nolvadex Online
Buy Cheap Levitra Online
Buy Cheap Cialis Professional Online
Buy Cheap Flagyl Online
Buy Cheap Malegra DXT Online
buy levitra in new zealand
viagra buy online usa
buy prednisone 10mg
cialis viagra cheap
buy generic levitra with dapoxetine
viagra tablets for male online shopping in india
buy prednisone online cheap
buy generic viagra cialis levitra
Buy Cheap Malegra DXT Online
Buy Cheap Nolvadex Online
Buy Cheap Levitra Online