Лиценцирајсвое дело ПребарајCC лиценцирани дела
Почетна arrow Линкови и дела (Пријавување и преземање) arrow Литература
Литература
Литературни дела, во форма на цели книги или индивидуални текстови - романи, раскази, песни, поеми, стихозбирки.

ДокументиДодадено на

Подреди по : Име | Датум | Погледи [ Растечко ]

Во печатена форма, делото е објавено во 2003 година и претставува спој на повеќе избрани и 7 нови раскази. Во збирката ќе ги најдете: „Лилјак“ и „Родителски“ од збирката „Речното улиште“; „Мајстор“, „Случка“, „Свртничар“, „ЏИИИ“, „Сведок“, „Месечари“, „Печуркар“ и „Ѓон“ од збирката „Ѓон“; од „Скок со стап“ се расказите „Куќа во Солун“, „Среќна Нова“, „Копиле“, „Поштар“ и „Скок со стап“ додека „Коле“, „Антологичар“, „ЏИВ“, „Милтон“, „Заем“, „Кошница и костум“ и „Тасичо“ се од „Триполската капија“.

Автор на збирката „Раскази од шести кат“ е Драги Михајловски.

Creative Commons License
Ова дело е објавено под лиценцата Криејтив комонс Наведи извор-Некомерцијално-Без адаптирани дела. 2.5 Македонија.

Драмата се сосредоточува на сексот движејќи се од раскалашеноста на борделите до екстремната чесност на калуѓерството. Сексот служи за испитување на базата за воспоставување на здраво општество покажано низ односот помеѓу законот и моралноста и за искушување на човечкото поведение во услови на емоционален стрес. Поставените проблеми се сериозни, тонот, како и во другите комедии од периодот 1601-04, мрачен. Во тој поглед оваа е најмрачната од сите мрачни комедии на Шекспир. Сепак, делото е комедија во класична смисла на зборот.

Некои од современите критичари, кои ја подложија драмата на поблиско преиспитување, ја гледаат како религиозна алегорија, некои како проблемска драма, а дури како сатира.

Ова е прв превод на Танте за кукуригу на македонски јазик.

Creative Commons License
Ова дело е објавено под лиценцата Криејтив комонс Наведи извор-Некомерцијално-Без адаптирани дела. 2.5 Македонија.

Долго време се мислело дека ова е едно од најраните дела на мајсторот од Стратфорд на кое тој чиракувал и го учел занаетот. Во поново време, шекспиролозите утврдиле дека ова сепак не е една од најраните драми, туку дека е создадена во периодот кога се напишани Ричард Втори, Ромео и Јулија или недрамските дела вклучувајќи ги и сонетите. Mногубројните поставувања на сцена, покажаа дека Со сила убавина не бидува е сè уште привлечна како забавна пиеса, мистерија, па и како драма.

Најраниот текст на драмата е од кварто изданието од 1598 година на чија насловна страна стои: “Пријатно срочена комедија наречена Со сила убавина не бидува. Како што беше прикажана пред нејзиното величество овој Божик. Поправена и зголемена од Вилијам Шекспир… итн.”

Ова е прв превод на Со сила убавина не бидува на македонски јазик.

Creative Commons License
Ова дело е објавено под лиценцата Криејтив комонс Наведи извор-Некомерцијално-Без адаптирани дела. 2.5 Македонија.

Document linked to http://www.anapejcinova.org/Translation/Blejk/Blejk4Zoi.zip

Кориолан е една од последните трагедии на Шекспир, напишана некаде околу 1608 година, а првпат печатена дури во Првото фолио издание од 1623 година.

Кориолан е политичка драма во која сепак не доминира политиката, расправиите за демократијата, војната и мирот, партискиот систем, туку индивидуалното доживување на еден дух ставен на тешко искушение и приклештен во менѓемето меѓу службата кон татковината, сопствената жед за слава, потребите на храброста, илитизмот и презирот кон толпата и, се разбира, прангите на моќниот мајчин јарем.

Ова е прв превод на Кориолан на македонски јазик.

Creative Commons License
Ова дело е објавено под лиценцата Криејтив комонс Наведи извор-Некомерцијално-Без адаптирани дела. 2.5 Македонија.

Секое зло за арно е комедија напишана во периодот помеѓу 1601-1604 година, кога Шекспир ги напишал големите трагедии Хамлет, Отело, Макбет и Крал Лир. Оттука, поради мрачниот тон и тегобната атмосфера а, пред сe, поради развојот на настаните кои, по сите свои карактеристики, неизбежно навестуваат трагична разврска, но сепак, иако мошне насилно, среќно завршуваат, делото спаѓа во таканаречените црни или горчливи комедии.

Оваа комедија првпат е печатена во 1623 година а главното дејство, приказната за Бертрам и Хелена, се темели врз деветтата новела од третиот ден во Бокачовиот Декамерон. Под заплетот, приказната за Парол, е измислен од Шекспир.

Ова е прв превод на Секое зло за арно на македонски јазик.

Creative Commons License
Ова дело е објавено под лиценцата Криејтив комонс Наведи извор-Некомерцијално-Без адаптирани дела. 2.5 Македонија.

„Писателот Варски и други раскази“ е првото литературно дело на Душко Гошевски, повеќе познат како Дуле Варваринот од Валандово. Ова дело тој го пријави на конкурсот за најдобра дебитантска проза „Новите: 2007“ во организација на издавачката куќа Темплум, при што влезе во потесниот избор за главната награда. Најголем дел од содржините во книгата се презентирани на неговиот блог www.dukisbook.blog.com.mk, каде што покрај раскази и поезија можат да се најдат и мислења и критики за книжевноста, уметноста и музиката. Книгата е достапна во електронска форма, но пистателот верува дека еден ден таа ќе доживее и печатено издание.

Creative Commons License
Ова дело е објавено под лиценцата Криејтив комонс Наведи извор-Некомерцијално 2,5 Македонија.

Таболин е градот кој не можете да го најдете ако погледнете низ Вашиот прозорец. Личностите од делото се здание на еден злобен и болен ум кој по грешка создава нешто кое влегува во циклус на грешки. На крајот тој полудува и оди на дното. Се затвора во стара колипка и почнува да работи како електроничар, и не сака да има допир со компјутер. Се труди да е добар човек. Ако некој добро ја сфати целата приказна, можеби ќе најде нелогичности кои не одговараат на сегашниот простор-време, и можеби ќе види трагичен крај. Тоа е најмалку така.
Книгата „Луѓе на кои не им се отвора падобранот“ од Алекс Букарски, во која авторот ги опишува двете фази од својот живот, во 2007 г. ја освои првата награда на конкурсот „Новите“, организиран од Темплум. Збирката раскази се состои од текстови објавувани на блогот www.bukarski.com. Популарниот Букаро на свој типично експлицитен начин ги пренесува неговите ставови и погледи за современиот урбан живот во Македонија.

CreativeCommonsLicense

Ова дело е објавено под лиценцата Криејтив комонс Наведи извор-Некомерцијално 2,5 Македонија.

<< Почеток < Претходна 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следна > Крај >>
Резултати 91 - 99 од 99

Пребарување

PDF+CC

Advertisement

Најавување






Си ја заборавивте лозинката?
Сè уште немате налог? Направете



Communia




Order Cheap Female Viagra (Sildenafil) Online
Buy Cheap Malegra DXT Online
Buy Cheap Nolvadex Online
Buy Cheap Levitra Online
Buy Cheap Cialis Professional Online
Buy Cheap Flagyl Online
Buy Cheap Malegra DXT Online
buy levitra in new zealand
viagra buy online usa
buy prednisone 10mg
cialis viagra cheap
buy generic levitra with dapoxetine
viagra tablets for male online shopping in india
buy prednisone online cheap
buy generic viagra cialis levitra
Buy Cheap Malegra DXT Online
Buy Cheap Nolvadex Online
Buy Cheap Levitra Online