Почетна
![]() ![]() Литература Литературни дела, во форма на цели книги или индивидуални текстови - романи, раскази, песни, поеми, стихозбирки. ДокументиДодадено на
Збирката ги обединува 11-те драми од Вилијам Шекспир кои на македонски ги преведе Драги Михајловски. На овој начин, читателите имаат можност од едно електронско издание да пристапуваат до саканото дело во било кој момент. Покрај како пакет, секоја од драмите е достапна за преземање од овој портал и како самостојно електронско издание.
Кругжешко!
03/27/2008
Елементи е книга која настана како природно заокружување на она што Маргарита Иванова алијас Леонова активно го објавуваше на својот блог во изминатава година и половина и повеќе. Делото го карактеризираат избрани убави зборови, многу илустрации и фотографии, па така во овој документ ќе најдете двојно задоволство додека го читате. Дигиталната верзија на оваа книга е објавена според условите на лиценцата Криејтив комонс Наведи извор-Некомерцијално-Без адаптирани дела. 2.5 Македонија. Забуни е најкусата комедија на Шекспир, заснована врз трипати покусиот латински оригинал на комедијата Менехми од римскиот комедиограф Плаут.
Се
работи за едно од првите, ако не и прво дело на Шекспир што се
потврдува со стилот и метриката на делото: стиховите се рамномерни,
честопати римувани со многу игра на зборови, а малку проза.
Веселите жени од Виндзор - Вилијам Шекспир (превод на македонски: Драги Михајловски) жешко!
03/19/2008
Веселите жени од Виндзор е една од ретките драми на Шекспир чие дејство целосно се случува во Англија и низ кое се дава верна слика на веселата Англија од крајот на Шеснаесеттиот век преку портретирањето на низа ликови од граѓанското општество и доловувањето на нивната простодушност, нивната срдечност, полнокрвност и подготвеност за шега во секое време. Здравиот хумор, добронамерноста и веселоста брзгаат од секој стих, секоја реченица, секоја реплика и сè е кажано на едноставен, разговорен но мошне духовит јазик.
Главниот заплет – Фалстафовото лажно додворување на жените од господата Рабуш и Плиткавода за да се извлече од тешката финансиска состојба и неговото насамарување – напишан е во сочна, блескава проза, додека споредниот – романтичната приказна за младата мома Ана Рабуш, нејзините додворувачи и мажачката со Фентон – во стих. Ова е првиот македонски “превод” на Веселите жени од Виндзор. Превод е под наводници бидејќи направен е напор оригиналниот текст максимално да се актуализира за да може гледачот, на некој начин, да се поистовети и да ги почувствува ликовите блиски до себе.
Тимон од Атина е една од т.н. не многу познати драми на Вилијам Шекспир. Едноставно човек да се уплаши колку тучна енергија лежи зад идејата да се стави, преку ликот на господарот Тимон, мизантропството на распетие, да се манифестира очајот што му е потхрана и вдахновение, притоа да се стигне до самиот раб, да се наѕре во амбисот на човековата ментална и психо-физичка конституција но да не се падне во него туку преку еден друг лик, Алкибијад, да се обнови нормалната состојба на духот и работите да се вратат во границите на прифатените норми на однесување и да се поткрепи идејата дека секогаш имало и ќе има некаков си Фортинбрас или Сер Гавејн или Исус што ќе ја обноват природата, животот, ќе турат пепел на актуелниот привид и ќе отворат поле за нов, попривлечен и поубав привид.
Ова е второ издание на првиот превод од Тимон од Атина на македонски јазик.
Кротењето на опаката не е најдобрата комедија на Шекспир но сигурно дека е една од најуспешните ако не и најуспешна.
Комедијата се состои од три дела, различни по содржина кои меѓусебно се испреплетуваат. Ефектот од мешањето на трите приказни во една е повеќе од очигледен: дивата, груба, неизделкана фарса претворена е во бујна комедија во чија срж лежат различните размислувања за љубовта и бракот прикажани преку живи, пластични, полнокрвни ликови.
Трагедијата Ромео и Јулија е од првиот период на творештвото на Вилијам Шекспир. Веројатно е напишана околу 1592 година, првпат поставена на сцена околу 1595 година, а првпат печатена во првото кварто издание од 1597 година. Делото е пишувано во фин јампски десетерец, без многу опчекорување и со чести рими, доказ дека е создадено во периодот кога во англиската поезија доминира залуденоста по прецизната, чисто љубовна, сонетна форма. Трагичниот крај како да не се совпаѓа со долго градената атмосфера на оптимизам, верба во животот и опстанокот на убавото во светот. Но таква била желбата на авторот или така го водела приказната, се разбира, позајмена од други автори. Ова е прв превод на Ромео и Јулија на македонски јазик правен непосредно од англискиот оригинал.
Комедијата Од влакно ортома првпат се појавува во 1598 година. Главниот заплет се темели претежно врз една приказна од Матео Бандело врз која се надоградени делови од Бесниот Орландо на Ариосто.
Ричард Трети е драма што припаѓа на првиот период од творештвото на Вилијам Шекспир. И според настаните и според самите ликови, Ричард Трети е драма длабоко впиена во историјата на англискиот народ. Заедно со Хенри Шести (особено третиот дел), таа го опфаќа веројатно најтажниот период од англиската историја: граѓанската војна од втората половина на 15-от. Но и покрај историската подлога, Ричард Трети не може да се смета само за историска драма. Неколкуте прикажани трагични судбини започнати и завршени во едно сурово време, ја издигнуваат неа до ниво на индивидуална и колективна трагедија. Од индивидуалните судбини, најприсутна и најдетално е следена онаа на кралот Ричард. Драмата Ричард Трети е првпат преведена на македонски од Драги Михајловски во 1985 година, а првпат поставена на сцената на МНТ од режисерот Рахим Бурхан во 1989 година. Овa e преработена верзија на првиот превод.
|
ПребарувањеНајпопуларни дела
НајавувањеКриејтив Комонс во медиумите |