Лиценцирајсвое дело ПребарајCC лиценцирани дела
Почетна arrow Линкови и дела (Пријавување и преземање) arrow Литература
Литература
Литературни дела, во форма на цели книги или индивидуални текстови - романи, раскази, песни, поеми, стихозбирки.

ДокументиДодадено на

Подреди по : Име | Датум | Погледи [ Растечко ]
Skopje Streetcar 11/19/2013

„Овде се случуваат ликови, овде одсекогаш се случувале ликови. Можеби овде повторно ќе се случуваат ликови, само ако не им здосади на ликовите и не решат да избегаат (од своето име или од името на другиот).“

- Маја Гоческa

„Последниот македонски хакер“ е втора книга на Дејан Велкоски, збирка раскази, првпат објавена во 2008 година, под псевдонимот С.Ц., како дел од поголема едиција. Овојпат, со малку изменета содржина, збирката излегува како е-книга, под лиценцата на Криејтив Комонс.
Редни Броеви (или песни со посвета) - Маја Гоческа

Стихозбирка посветена на Сопругата Јана

Првообјавениот роман на младиот македонски автор Стефан Марковски, напишан на 18 годишна возраст, добитник на наградата „Петре М. Андреевски“ за 2009 г. во конкуренција на 139 ракописи.

Најинтересното кај Јолдески е што во неговите раскази совршено се преплетуваат традиционалното и, би рекле дури, хипермодерното. Мекиот, речиси „битов“ реализам се вкрстува со некои мошне современи „постмодерни“ книжевни постапки (интересни се, на пример, реферирањата на важните претходници: Чачански, Крле, Константин Миладинов, Чехов…).

Расказите најчесто се минималистички сведени. Авторот ја поседува дарбата текстот да го прочисти од сето она што би го оптоварувало, па затоа не се соочуваме со претерувања и застранувања од она што е главен тек на приказната. Иако некои од расказите на прв поглед делуваат адегдотално, функционалноста на раскажување и хуморот ги ослободуваат од можната баналност. Јолдески има одлично чувство за заокруженост и целовитост на приказната, без разлика на нејзината должина или тема.

<< Почеток < Претходна 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следна > Крај >>
Резултати 1 - 10 од 99

Пребарување

PDF+CC

Advertisement

Најавување






Си ја заборавивте лозинката?
Сè уште немате налог? Направете



Communia