Лиценцирајсвое дело ПребарајCC лиценцирани дела

upload.jpg

Ако веќе имате дела објавени под Криејтив комонс, поставете линк до нив. Ако сте автори на дела кои би ги објавиле под Криејтив комонс, а немате простор на веб за тоа, може да го искористите овој портал.

Секој нов автор најпрво треба да го регистрира своето членство на порталот, доколку сака да постави свое дело или линк до истото со цел да биде достапно за останатите посетители.

Објавените дела и додадените линкови потоа стануваат достапни за пребарување, така што посетителите можат да ги преземаат, посетуваат и употребуваат, секако под условите кои авторот ги навел. Информирајте се повеќе!

 
Почетна
Творечкиот опус на Драги Михајловски станува достапен и во електронска форма Испечати Е-пошта
20.02.2008.
dragi_mihajlovski.jpgОд неодамна, архивата на дела од македонски автори почнаа да ја збогатуваат преводите на драмите од Вилијам Шекспир зад кои стои македонскиот професор, преведувач и писател Драги Михајловски. Сакајќи да ги направи своите дела достапни и за оние „кои не секогаш се во можност да купат книга“, како и за луѓето „кои не живеат во Македонија“, Драги Михајловски е среќен што на овој начин може уште повеќе да допринесе за ширење на македонската реч и култура воопшто. Од триесет и седумте драми за кои се смета дека се напишани од раката на Шекспир, на македонски јазик досега се преведени триесет и истите се објавени во печатена форма. Зад петнаесет од нив стои Драги Михајловски како преведувач од кои пак повеќето ќе бидат објавени во електронска форма под Криејтив комонс лиценца.

Делата „Кориолан“ и „Секое зло за арно“ се првите во низата драми од Вилијам Шекспир кои благодарение на Драги Михајловски се преведени на македонски јазик, а од неодамна и достапни за преземање во електронска форма од Интернет. Секој заинтересиран читател може да се упати кон соодветната категорија на овој портал и да преземе некое од делата. Ова е само почеток од фазата на објавување на делата. Останатите драми се во процес на дигитализација и ќе се објавуваат постепено во периодот што следува. Понатаму, читателската публика ќе има можност да презема и авторски дела од овој писател.

Важно е да се истакне дека читателите можат бесплатно да ги преземаат делата, да ги читаат и споделуваат со други заинтересирани читатели под услов секогаш да го наведуваат авторот на трудот, да не го користат за комерцијални цели и да не прават негови адаптации. Ова се всушност условите кои се пропишани во Криејтив комонс лиценцата со која Михајловски ги заштити своите дела на Интернет.

Инаку, Драги Михајловски работи на Филолошкиот факултет „Блаже Конески во Скопје од 1976 година, најпрво како библиотекар на Катедрата за англиски јазик и книжевност, по магистрирањето како асистент по предметите англиска книжевност и теорија и практика на преведувањето, додека со докторирањето во 1999 година станува првиот доктор од областа на теоријата и практиката на преведувањето во РМ. Досега објавил пет збирки раскази, три романи, две книги за деца и две книги студии и есеи за кои ги има добиено највисоките книжевни признанија кај нас: „Стале Попов“, во 2003 и 2007 год. за романите „Смртта на дијакот“ и „Мојот Скендербеј“ и „Рациновото признание“ во 1994 год. за збирката раскази „Скок со стап“. Како преведувач тој има преведено преку 70.000 стихови од англиски на македонски и обратно, како и многу романи, раскази и драми од англиски на македонски и од македонски на англиски. Во неговиот преведувачки опус спаѓаат, меѓу другите, препевите на 15 драми и 154 сонети од Шекспир, препевот на епот Загубениот рај од Милтон како и многу други препеви и преводи. Д-р Драги Михајловски е и истакнат член на Друштвото на писателите на Македонија, на ПЕН-от на Македонија и на Асоцијата на писателите за мир, Вашингтон, САД.
 
< Претходно   Следно >

Пребарување

PDF+CC

Advertisement

Најавување






Си ја заборавивте лозинката?
Сè уште немате налог? Направете



Communia