Лиценцирајсвое дело ПребарајCC лиценцирани дела

upload.jpg

Ако веќе имате дела објавени под Криејтив комонс, поставете линк до нив. Ако сте автори на дела кои би ги објавиле под Криејтив комонс, а немате простор на веб за тоа, може да го искористите овој портал.

Секој нов автор најпрво треба да го регистрира своето членство на порталот, доколку сака да постави свое дело или линк до истото со цел да биде достапно за останатите посетители.

Објавените дела и додадените линкови потоа стануваат достапни за пребарување, така што посетителите можат да ги преземаат, посетуваат и употребуваат, секако под условите кои авторот ги навел. Информирајте се повеќе!

 
Почетна
Делото на Дуле Варваринот – достапно за преземање преку Интернет Испечати Е-пошта
8.02.2008.

„Писателот Варски и други раскази“ е првото литературно дело на Душко Гошевски, повеќе познат како Дуле Варваринот од Валандово, кое од денес стана достапно за преземање преку Интернет во пдф формат. Книгата е заштитена со Криејтив комонс лиценца, благодарение на која секој заинтересиран читател, може да ја преземе, прочита, умножува и адаптира, се додека правејќи го тоа, го наведува авторот на делото и истото не го користи за комерцијални цели. 

Ова дело тој го пријави на конкурсот за најдобра дебитантска проза „Новите: 2007“ во организација на издавачката куќа Темплум, при што влезе во потесниот избор за главната награда. Најголем дел од содржините во книгата се презентирани на неговиот блог, каде што покрај раскази и поезија можат да се најдат и мислења и критики за книжевноста, уметноста и музиката. Книгата се уште нема доживеано печатено издание, но авторот е – како што вели самиот – „непоправлив оптимист“.

„Од секој пат  сум пишувал само за литературата“, вели Душко Гошевски. „Не знам зошто сега би било поинаку, односно зошто мојот бунт и резигнација да го пренесувам во оваа вест каде што треба да стои моето задоволство и радост што имам можност и начин да го презентирам моето творештво. Се надевам дека идните млади писатели на кои исто така им ја посветувам оваа книга, нема да го минуваат истиот пат по кој сега одиме ние, торпедираната младина од кич, неталент и бедна мисла, која се обидува да твори под некое неимуно стаклено ѕвоно кое мислиме дека не штити.“

Книгата е поделена на пет дела. Првиот дел е најобемен и е 50 процентно  автобиографски. Во него, авторот ги опишува „сјајот и бедата на студентското живеење од очите на еден провинцијалец“ или „сељак“ – како што вели дека поинаку го нарекувале. Вториот дел се состои од експериментални текстови групирани под насловот Perpetuum mobile. Понатаму следуваат „Ѓоа Трилерите“ – мала пародија на жанрот. Четвртиот дел претставува мешавина од уметност и класика, додека петтиот дел е „поезија откорната од душата“...Поставувајќи ја својата читателска публика сосема непосредно пред делото, Дуле Варваринот порачува: „Уживајте“...
 
< Претходно   Следно >

Пребарување

PDF+CC

Advertisement

Најавување






Си ја заборавивте лозинката?
Сè уште немате налог? Направете



Communia




Carryhealthy.comPharmshop.bizPharmausabuyonline.comIvantagehealth.netBestpillelement.winPharmapillsdiscount.comLifestore24x7.comPharmashopbiz.com
buy cialis levitra viagra
how can i buy viagra in us
prednisone to buy uk
cheap generic cialis uk online
viagra cialis levitra online australia
best viagra to buy online
prednisone mail order
where to buy generic cialis onlineviagra cialis levitra online australiabest viagra to buy onlineprednisone mail orderwhere to buy generic cialis online