Лиценцирајсвое дело ПребарајCC лиценцирани дела
Почетна arrow Новости arrow Првата книга на Букарски достапна преку интернет
Првата книга на Букарски достапна преку интернет Испечати Е-пошта
4.12.2007.
Писателот Алекс Букарски ја објави својата прва книга, „Луѓе на кои не им се отвора падобранот“, бесплатно на интернет во дигитална форма (пдф) под лиценца Криејтив комонс.

Луѓе на кои не им се отвора падобранотСо овој чин, овој автор популарен кај урбаната младина сака да ги охрабри сите уметници без разлика на возраст или уметничка дисциплина, да „даруваат“ свои дела под Криејтив комонс, за сајбер-просторот да стане вистинска алтернатива за развој на современата македонска култура.

„Ова е мој колку благороден толку и протестен потег. Благороден затоа што мојот уметнички труд го правам достапен бесплатно за пошироката јавност. Протестен, против неподносливите услови кои ги наметнува издаваштвото во Македонија - од односот спрема младите автори, од огромни фалинки во промоцијата и дистрибуцијата,“ изјави Букарски. Тој со објавувањето на книгата на интернет го покренува и прашањето зошто „угледни издавачки куќи од 21 век“ дистрибуираат книги само во Скопје, занемарувајќи ги останатите градови во земјата, ниту пак овозможуваат купување преку картичка од нивните веб-сајтови.

„Луѓе на кои не им се отвора падобранот“ го освои првото место на конкурсот за најдобра дебитантска проза „Новите!“, организиран од издавачката куќа Темплум. Хартиената верзија на книгата објавена во декември 2006 г. е сеуште во продажба, иако тиражот на првото издание е при крај.

Системот за заштита на авторски права Криејтив комонс овозможува рамка за објавување на дела на интернет за автори кои сакаат да споделат дигитални верзии. Со користење на лиценците тие јасно ставаат на знаење под кои услови може да се користи дадено дело - на пример, само во некомерцијални цели. Во случаи на прекршување на условите одбрани од авторите, тие имаат право да ги применат сите законски мерки за заштита од пиратерија или плагијати.

Низа светски имиња го Користат криејтив комонс за споделување и промоција на своите дела, од писатели како Кори Доктороу, филмски автори како Вајли Вигинс, до музички ѕвезди како „Перл џем“, „Бисти бојз“ и Дејвид Брн.

Со Националната стратегија за развој на информатичко општество од 2005 беше утврдено дека хроничниот недостаток на содржини на локалните јазици на интернет е еден од главните фактори кои го попречуваат развојот на оваа технологија во Македонија.

(ИдиВиди, 04.12.2007.)

 
< Претходно   Следно >

Пребарување

PDF+CC

Advertisement

Најавување






Си ја заборавивте лозинката?
Сè уште немате налог? Направете



Communia




Order Cheap Female Viagra (Sildenafil) Online
Buy Cheap Malegra DXT Online
Buy Cheap Nolvadex Online
Buy Cheap Levitra Online
Buy Cheap Cialis Professional Online
Buy Cheap Flagyl Online
Buy Cheap Malegra DXT Online
buy levitra in new zealand
viagra buy online usa
buy prednisone 10mg
cialis viagra cheap
buy generic levitra with dapoxetine
viagra tablets for male online shopping in india
buy prednisone online cheap
buy generic viagra cialis levitra
Buy Cheap Malegra DXT Online
Buy Cheap Nolvadex Online
Buy Cheap Levitra Online