Лиценцирајсвое дело ПребарајCC лиценцирани дела
Почетна arrow ЧПП (FAQs) arrow За Creative Commons arrow Кои проблеми Creative Commons има намера да ги реши?
Кои проблеми Creative Commons има намера да ги реши? Испечати Е-пошта
21.06.2007.
Со напредокот на дигиталната револуција и Интернетот, одеднаш стана можно делата да се дистрибуираат во различни формати со висок, честопати професионален квалитет; да се работи низ најразлични контексти и да се создаваат нови, изведени или колективни дела - на глобално ниво, на децентрализиран начин и со компаративно мали трошоци.

Ова претставува можност за огромна и досега невидена стимулација на креативност и производство на знаење. Како што сè повеќе луѓе стануваат меѓусебно поврзани и комуницираат меѓу себе, станува сè полесно да се добие точно онаа содржина која некому му треба или некој ја сака, и да се комплетираат задачите и да се решат проблемите преку соработката што оваа интерконекција ја овозможува. Конвергентноста на технологиите и медиумите создава повеќекратни нови можности за создавање изведени дела од постоечките - на пример, ремикси и миксови.

Друг видлив аспект е фактот дека глобализација не само што се случува на коропоративно ниво, туку нејзините ефекти можат да се видат и во областите на науката, во образовните и во другите сектори на општеството каде се јавуваат нови модели на плодна соработка. Бесплатна енциклопедија Википедија и заедницата на слободниот отворен софтвер се примери за овие социолошки и општествени појави. Активностите на многу придонесувачи во проектите од овие области не се мотивирани од желбата за стекнување (непосредна) финансика добивка, туку од желбата да научат, да добијат признание и да им помогнат на другите.

Лошата страна на овие возбудливи нови развојни моменти и можности е тоа што новите технологии можат да бидат искористени и за да се прекршат правата на сопствениците на авторските права онака како што се сега дефинирани. Како реакција на тоа, главните носители на правата возвратија со четирикратна стратегија: (а) преку обид да се спречи примената на технологиите кои можат да дозволат вакви прекршувања; (б) преку развивање алатки кои им овозможуваат да управуваат со нивните права со одредена прецизност која е непозната и незамислива: управување со дигитални правата и технолошки мерки за заштита против неавторизираното копирање; (в) преку успешно лобирање за поддршка на овие технолошки мерки преку правни ограничувања; и (г) започнувајќи оргомни кампањи за публицитет, дизајнирани да ги научат младите луѓе дека тие мора рацете да ги држат подалеку од авторските материјали - или ќе бидат казнети.

Ваквите реакции се разбирливи, па дури и жални. Нашата грижа е дека нивниот комбиниран ефект ќе биде задушување на можностите за поширока примена на дигиталните технологии за да се охрабри креативноста и за решавање на проблеми и соработка која претходно беше спомената. Ако кретаорите и давачите на лиценци треба да преговараат не само за комплицираните правни правила, туку и за тешките технички бариери, многумина ќе ги игнорираат правилата или нема да создаваат дела.

Нашата алтернатива е на креаторите и на давачите на лиценци да им обезбедиме едноставен начин да кажат кои слободи тие сакаат нивните креативни дела да ги носат со себе. Ова, за возврат, го олеснува споделувањето или надградбата врз креативните дела. Тоа на креаторите и на давачите на лиценци им овозможува да резервираатр одредени права, а во исто време да ослободуваат други. Во суштина, тоа ја претставува нашата мисија. Авторските права на авторите им даваат одредени права. Ние сакаме на авторите да им го олесниме уживањето на овие права на начини на кои другите можат да го разберат тоа.

 
< Претходно   Следно >

Пребарување

PDF+CC

Advertisement

Најавување






Си ја заборавивте лозинката?
Сè уште немате налог? Направете



Communia




Order Cheap Female Viagra (Sildenafil) Online
Buy Cheap Malegra DXT Online
Buy Cheap Nolvadex Online
Buy Cheap Levitra Online
Buy Cheap Cialis Professional Online
Buy Cheap Flagyl Online
Buy Cheap Malegra DXT Online
buy levitra in new zealand
viagra buy online usa
buy prednisone 10mg
cialis viagra cheap
buy generic levitra with dapoxetine
viagra tablets for male online shopping in india
buy prednisone online cheap
buy generic viagra cialis levitra
Buy Cheap Malegra DXT Online
Buy Cheap Nolvadex Online
Buy Cheap Levitra Online