Лиценцирајсвое дело ПребарајCC лиценцирани дела
Почетна arrow ЧПП (FAQs) arrow Kористење на лиценцирани де arrow Дали користењето на дела лиценцирани со Creative Commons ми ги дава сите права што ми се потребни?
Дали користењето на дела лиценцирани со Creative Commons ми ги дава сите права што ми се потребни? Испечати Е-пошта
21.06.2007.
Треба да бидете свесни дека сите овие лиценци содржат изјава за одрекување на гаранциите, така што нема никакво гарантирање дека давачот на лиценцата ги има сите права потребни за да дозволи повторно користење на лиценцираното дело. Изјавата за одрекување на одговорност значи дека давачот на лиценцата не гарантира ништо за делото, вклучувајќи го и фактот дека тој ги поседува и авторските права за него, или дека тој ги расчистил сите употреби на содржини на трети страни врз кои може да се базира неговото дело или кои се инкорпорирани во него.

Ова е типично за таканаречените лиценци на „отворен код“ , каде што делата нашироко и слободно се ставени на располагање за повторна примена без каков било надомест. Оригиналната верзија 1.0 на лиценците на Creative Commons содржеше гранција, но ние на крајот сфативме дека, како што е случајот со лиценците на „отворен код“, гаранциите и отштетите најдобро се утврдуваат преку приватни спогодби, така што секој давач на лиценцата или корисник на лиценцата може да утврди соодветен ризик и награда за нивната уникатна ситуација. Оттука, една опција би било да се користат приватни договори за да се добие гаранација или отшетета од давачот на лиценцата, иако постои веројатност дека давачот на лиценцата би барал наплата за тоа.

Како резултат на изјавата за одрекување на гаранции, пред користењето на дело лиценцирано со Creative Commons, треба сами да се информирате дали лицето ги има сите потребни права за неговото дело да се стави на располагање под условите пропишани со лиценцата на Creative Commons. Треба да знаете дека ако не сте во право, тогаш ќе бидете одговорни за прекршување на авторските права кои се базираат на вашето користење на делото.

Треба да научите кои права треба да бидат расчистени и кога на располагање стои одбрана со праведната употреба или праведното справување. Може да се случи давачот на лиценцата да се потпира на праведна употреба или на доктрината за праведно справување, но во зависност од околностите, таквата правна одбарана може, но и не мора да го заштити него (или вас). Треба да се едуцирате во поглед на различните права кои можат да бидат вклучени во делото со авторски права, бидејќи многу често креативните дела инкорпорираат повеќекратни елементи како што се на пример, основни приказни или карактери, снимена музика или стихови на песни. Доколку делото содржи содржина на трета страна која лесно се препозанава, се препорачува независно да потврдите дали таквата употреба била овластена за повторна употреба според лиценцата на Creative Commons.

Резултатот од ова е дека секогаш треба да го користите сопствениот информиран суд и би можеле да побарате правен совет.

 
< Претходно   Следно >

Пребарување

PDF+CC

Advertisement

Најавување






Си ја заборавивте лозинката?
Сè уште немате налог? Направете



Communia




Order Cheap Female Viagra (Sildenafil) Online
Buy Cheap Malegra DXT Online
Buy Cheap Nolvadex Online
Buy Cheap Levitra Online
Buy Cheap Cialis Professional Online
Buy Cheap Flagyl Online
Buy Cheap Malegra DXT Online
buy levitra in new zealand
viagra buy online usa
buy prednisone 10mg
cialis viagra cheap
buy generic levitra with dapoxetine
viagra tablets for male online shopping in india
buy prednisone online cheap
buy generic viagra cialis levitra
Buy Cheap Malegra DXT Online
Buy Cheap Nolvadex Online
Buy Cheap Levitra Online