|
Член сум на здружение за колективно остврување на авторските права, можам ли да ги користам Creative |
|
|
|
21.06.2007. |
Треба да проверите во вашето друштво. Во моментов, многу од здруженијата за колективно остврување на авторските права во Австралија, Финска, Франција, Германија, Луксембург, Шпанија, Тајван и Холандија прифаќаат доделување на права (или она што во Франција се нарекува „мандат“ на права, а сепак има ист ефект, практично како задача) од вас за сегашни и идни работи (така што ефективно стануваат сопственик на овие права) и со нив управуваат наместо вас. Така што, ако веќе сте член на здружение за колективно остврување на авторските права во една од овие јурисдикции, можеби немате право вие самите да ја лиценцирате вашата работа со Creative Commons лиценца бидејќи ги немате потребните права, туку ги има здружението за колективно остврување на авторските права. За повеќе информации за ова прашање, ве молиме, прочитајте ги често поставуваните прашања и одговорите на веб сајтот на проектниот тим на Creative Commons за вашата јурисдикција.
Creative Commons се обидува да контактира со здруженијата за колективно остврување на авторските права во оние јурисдикции каде што се појавува овој проблем, за да се обидат да најдат решение што овозможува креаторите да ги уживаат бенефициите што ги нудат двата система.
Доколку наидете на тешкотија со користењето на Creative Commons лиценците поради вашето членство во здружение за колективно остврување на авторските права во вашата јурисдикција што не е наведена погоре, ве молиме јавете му за тоа на проектниот тим на Creative Commons во вашата земја или испратете порака на
Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете
Исто така, ако сакате да разговарате за начините како да се обидете да се справите со ситуацијата во вашата земја, ве молиме, контактирајте го проектниот тим на Creative Commons во вашата земја.
Ако веќе сте член на едно од овие здруженија за колективно остврување на авторските права, слободно охрабрете го вашето здружение за колективно остврување на авторските права да ви даде опција на лиценцирање со Creative Commons.
|