|
Што е Commons тапија? Што е правниот код? Што прават html/мета податоците? |
|
|
|
21.06.2007. |
|
Creative Commons лиценците се изразени во три различни формата: Commons тапија (текст разбирлив за човек), правен код (правнички текст) и мета податоци (машински код).
Commons тапијата е збир на клучни термини на фактичката лиценца (правниот код)—во основа, што другите можат и не можат да прават со делото. Гледајте ги како лесен-за-користење интерфејс на правниот код зад него. Самата тапија нема правна вредност и нејзината содржина не се појавува на фактичката лиценца.
Правниот код е фактичката лиценца; документ дизајниран да важи во суд.
Мета податоците ги опишуваат клучните елементи на лиценцата што важат за дел од содржината, за да овозможат откривање преку приспособените пребарувачи.
|