|
Creative Commons лиценцата се базира на авторски права. Значи, се однесуваат на сите дела што се заштитени со закон за авторски права. Дела што се заштитени со закон за авторски права се: книги, вебсајтови, блогови, фотографии, филмови, видеа, песни и други аудио и визуелни записи, на пример. Софтверските програми се исто така заштитени со авторски права но, како што е објаснето подолу, не ви препорачуваме да ставате Creative Commons лиценца на софтверски код.
Creative Commons лиценците ви ја даваат можноста да диктирате како другите може да ги користат вашите авторски права—како правото другите да го копираат вашето дело, да направат изведени дела или адаптации од вашето дело, да го дистрибуираат вашето дело и/или да прават пари од вашето дело. Не ви даваат можност да ограничите нешто што е инаку дозволено со исклучоци или ограничувања на авторски права— и она што е важно, вклучувајќи фер користење или фер договор—ниту пак ви даваат можност да контролирате нешто што не е заштитетно со закон за авторски права, како факти и идеи.
Creative Commons лиценците се прикачуваат на делото и го овластуваат секој кој доаѓа во контакт со делото да го користи во согласност со лиценцата. Тоа значи дека ако Боб има копија од вашето дело лиценцирано со Creative Commons, Боб може да и даде копија на Керол и Керол ќе биде овластена да го користи делото во согласност со Creative Commons лиценцата. Вие, потоа, имате договро за лиценца одделно со Боб и со Керол.
Creative Commons лиценците се изразени во три различни формати: Commons тапија (текст разбирлив за човек), правен код (правнички текст) и мета податоци (машински код). Не треба да потпишете ништо за да добиете Creative Commons лиценца—само одберете ја вашата лиценца на нашата страница ‘Publish’ .
И последно нешто што треба да разберете за Creative Commons лиценците е дека сите тие се неексклузивни. Тоа значи дека можете да и дозволите на општата јавност да го користи вашето дело со Creative Commons лиценца, а потоа да влезете во посебна и поинква неексклузивна лиценца со некој друг, на пример, во замена за пари.
|