Лиценцирајсвое дело ПребарајCC лиценцирани дела

upload.jpg

Ако веќе имате дела објавени под Криејтив комонс, поставете линк до нив. Ако сте автори на дела кои би ги објавиле под Криејтив комонс, а немате простор на веб за тоа, може да го искористите овој портал.

Секој нов автор најпрво треба да го регистрира своето членство на порталот, доколку сака да постави свое дело или линк до истото со цел да биде достапно за останатите посетители.

Објавените дела и додадените линкови потоа стануваат достапни за пребарување, така што посетителите можат да ги преземаат, посетуваат и употребуваат, секако под условите кои авторот ги навел. Информирајте се повеќе!

 
Почетна
Меѓународна конференција: Економија на кризниот капитализам и екологија на заедничките добра Испечати Е-пошта
8.11.2012.
Меѓународната конференција „Економија на кризниот капитализам и екологија на заедничките добра" ќе се одржи на 22-24 ноември, 2012 во Институтот Гете во Загреб, Република Хрватска.
 
Конференцијата ќе започне со анализа на појавата и тековната состојба на кризата, нејзините последици врз работната сила, врз јавниот сектор и непазарните добра од најразличен вид. Ќе се разговара за насоките на политичкото делување и новите политички категории кои би им овозможиле на синдикатите, општествените движења и политичките актери да ја запрат парализата која ја наметнува тековното доминантно толкување на кризата како криза на јавно расипништво и неодржливост на социјалната држава. Посебен акцент ќе се стави на тоа како постојните општествени движења во форма на активистички или граѓански групи можат да продолжат да дејствуваат надвор од првобитниот повод и непосредната средина во која се појавиле. Ќе се дискутира и за начинот на залагање и спроведување на дело на процесите за враќање на приватизираните добра во јавни раце.

Конференцијата ќе обезбеди место за размена на гледишта меѓу синдикалисти, економисти, правни експерти, еколози, активисти за просторна правда, за јавно водоснабдување, за јавно здравство, за дигитални добра. Во работата на конференцијата ќе учествуваат: Масимо де Ангелис, Мајкл Боуенс, Теодор Целакоски, Стипе Чурковиќ, Владимир Цвијановиќ, Даниела Доленец, Ана Џокиќ / Марк Нилен (STEALTH), Тревор Еванс, Пипа Галоп, Урсула Хјуз, Марио Ивековиќ, Дмитри Клајнер, Марко Костаниќ, Јовица Лончар, Уго Матеи, Томислав Медак, Јан Мулие Бутан, Мартин Пиџн, Душица Радојчиќ, Дубравка Секулиќ, Дејвид Прајс, Феликс Сталдер, Асбјорн Вал и Мислав Житко.

Ако сакате да учествувате во конференцијата или да пристапите до документацијата по одржувањето на конференцијата, посетете ја веб-локацијата http://commons.mi2.org
 
Следно >

Пребарување

PDF+CC

Advertisement

Најавување






Си ја заборавивте лозинката?
Сè уште немате налог? Направете



Communia




Carryhealthy.comPharmshop.biz