Лиценцирајсвое дело ПребарајCC лиценцирани дела

upload.jpg

Ако веќе имате дела објавени под Криејтив комонс, поставете линк до нив. Ако сте автори на дела кои би ги објавиле под Криејтив комонс, а немате простор на веб за тоа, може да го искористите овој портал.

Секој нов автор најпрво треба да го регистрира своето членство на порталот, доколку сака да постави свое дело или линк до истото со цел да биде достапно за останатите посетители.

Објавените дела и додадените линкови потоа стануваат достапни за пребарување, така што посетителите можат да ги преземаат, посетуваат и употребуваат, секако под условите кои авторот ги навел. Информирајте се повеќе!

 
Почетна
Првата археолошка електронска монографија под Криејтив комонс Испечати Е-пошта
15.06.2011.

antickiot grad na isar marvinci, valandovo.jpg
Античкиот град на Исар – Марвинци кај Валандово“, е дело на првиот дипломиран археолог во Македонија, д-р Викторија Соколовска, електронски објавено под Криејтив комонс лиценца, кое вчера беше промовирано во НВО инфоцентарот.

На промоцијата, беше истакната важноста на овој настан кој е од особено значење за македонската археологија бидејќи за првпат, после книгата Археолошки дневник на м-р Василка Димитровска, се објавува научен труд од оваа област од признат археолог, кај нас и во светот. Г-ца Василка воедно ја отвори промоцијата, зборувајќи за значењето на објавувањето вакви дела на интернет, како поради намалувањето на финансиските трошоци, така и заради достапноста на тоа дело за сите, во секое време.

Делото е засега достапно само во електронска форма и секој бесплатно може да го преземе преку овој портал, притоа почитувајќи ги условите кои се зададени во Криејтив комонс лиценцата Наведи извор-Некомерцијално. Повеќе за лиценците, предностите од користењето и начинот на кој функционираат објасни Ирина Шумадиева, претставник на Фондацијата Метаморфозис.

Археологот м-р Горан Санев и менаџер на порталот за археологија „Порта Археологика“, исто така беше присутен на промоцијата и се надева дека објавувањето на оваа електронска археолошка монографија ќе биде инспирација и почеток на воведувањето на македонската археологија во современите издавачки трендови, кои несомнено овозможуваат лесна и брза достапност до потребните инфорамции.

На крајот, збор зеде авторката, која истакна неколку интересни сознанија. Меѓу другото, градот на Исарот таа го идентификува со Добер, еден од двата града кои се споменуваат во изворите. Според неа, овој локалитет заслужува да биде познат во нашата наука и јавност.

Д-р Викторија Соколовска (1931) е археолог и долгогодишен работник во Музејот на Македонија во Скопје. Својот професионален интерес го насочила во проучување на историјата, материјалната и духовната култура на племињата и народите кои ја населувале Пајонија и Македонија во античко време, со посебен акцент на пубикацијата на градовите и топонимите. Од 1976 до 1996 година раководела со научниот проект „Долината на Вардар во I милениум пред н.е.“, во кој посебно место заземаат истражувањата на локалитетот Исар-Марвинци, Валандово, од кои е произлезена и оваа книга.

Во подготовка е и англиска верзија од ова нејзино дело.

 
< Претходно   Следно >

Пребарување

PDF+CC

Advertisement

Најавување






Си ја заборавивте лозинката?
Сè уште немате налог? Направете



Communia




Order Cheap Female Viagra (Sildenafil) Online
Buy Cheap Malegra DXT Online
Buy Cheap Nolvadex Online
Buy Cheap Levitra Online
Buy Cheap Cialis Professional Online
Buy Cheap Flagyl Online
Buy Cheap Malegra DXT Online
buy levitra in new zealand
viagra buy online usa
buy prednisone 10mg
cialis viagra cheap
buy generic levitra with dapoxetine
viagra tablets for male online shopping in india
buy prednisone online cheap
buy generic viagra cialis levitra
Buy Cheap Malegra DXT Online
Buy Cheap Nolvadex Online
Buy Cheap Levitra Online