Лиценцирајсвое дело ПребарајCC лиценцирани дела
Почетна arrow Новости arrow Криејтив комонс 3.0 Македонија
Криејтив комонс 3.0 Македонија Испечати Е-пошта
17.01.2011.
Метаморфозис како локален партнер на организацијата Криејтив комонс продолжува да имплементира активности поврзани со лиценците (договорите за пренос на авторски права) кои оваа организација ги составува и промовира. Во моментов, Метаморфозис со стручна поддршка на двајца надворешни
соработници работи на локализација на најновите верзии на лиценците Криејтив комонс 3.0.

Претходната верзија на овие лиценци Криејтив комонс 2.5 содржеше 6 различни типови лиценци, кои исто така беа преведени и адаптирани на македонскиот правен систем, а потоа и промовирани меѓу авторите.

Друга значајна причина поради која е неопходна адаптација на лиценците е и донесувањето на новиот македонски Закон за авторски и сродни права.

Поради специфичноста на терминологијата и правата и обврските содржани во овие договори, неопходна е стручна расправа која Метаморфозис ќе ја организира кон крајот на февруари 2011, односно штом експертите го финализираат процесот на адаптација. Конечната верзија на овие лиценци ќе биде промовирана не само во стручната јавност туку и меѓу потенцијалните корисници на овие лиценци, пред сè авторите на различни книжевни, музички, уметнички и други авторски дела.

 
< Претходно   Следно >

Пребарување

PDF+CC

Advertisement

Најавување






Си ја заборавивте лозинката?
Сè уште немате налог? Направете



Communia