Лиценцирајсвое дело ПребарајCC лиценцирани дела
Почетна arrow Новости arrow Првото дигитално дело на Жарко Кујунџиски објавено под Криејтив комонс
Првото дигитално дело на Жарко Кујунџиски објавено под Криејтив комонс Испечати Е-пошта
2.03.2010.
endrji-ljubov-i-drugi-nepogodi---zharko-kujundjiski-intro.png
Минатата недела, порталот за креативни содржини достапни под Криејтив комонс го збогати делото „Ендрју, љубов и други непогоди“ од книжевниот уметник Жарко Кујунџиски. Книгата е првпат издадена во печатена верзија во 2004 година, но веќе една година подоцна сите примероци се распродадени, па, како што вели авторот, „Ова е втора шанса“.

Книгата „Ендрју, љубов и други непогоди“ е сочинета од истонасловената драма, придружена со уште две други „Трета врата“ и „Девиците од исток сонуваат секс и/ли љубов“. Секоја од драмите ја одликуваат специфични актерски судири и различна драмска поетика: од реалистичен дискурс, преку драма на апсурд, до постмодерен театар. Електронското дело е достапно за преземање под Криејтив комонс лиценцата Наведи извор-сподели под исти услови Македонија 2.5.

Мотивот за објавување на делото под Криејтив комонс, авторот го гледа во една практична и една не толку практична причина, како што вели самиот. „Практичната е во тоа што повеќе од четири години немам ниту еден примерок од оваа книга, инаку објавена во 2004 година, а во меѓувреме многумина искажаа желба да ја прочитаат. Ова доаѓа како второ објавување. Не толку практичната е во тоа што секој автор, па и јас, не сака своите книги љубоморно да ги чува дома, туку постојано да им дава нови шанси и нови облици на промоција и актуелност.“

Избрал Криејтив комонс лиценца бидејќи верува дека овој начин на објавување има јасно утврдени правила и услови за понатамошно ширење на делото. Верува дека ваков облик на објавување ќе доживеат и идните негови дела.

Покрај делото Ендрју, љубов и други непогоди, Кујунџиски ги има објавено и романите: „Spectator“, „Америка“, и „Најдено-загубено“, колекцијата на кратки раскази „13“, додека од англиски јазик го има преведено романот „Појадок кај Тифани“ од Труман Капоти и филмското сценарио „Евтини приказни“ заедно со Златко Кујунџиски. Добитник е на Наградата „13 Ноември“ во 2003 година, како и на дваесетина други награди на разни конкурси за најдобар драмски текст, расказ и есеј.

Жарко Кујунџиски од минатата година е магистер на Катедрата за општа и компаративна книжевност при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“. Во својот живот, има работено како новинар во Дневник, уредник во Млад Борец и Лоза, колумнист во Утрински весник и како филмски критичар во повеќе весници и списанија од земјата и од странство.

Моментално е колумнист во Дневник, а исто така е и основач и уредник на електронското списание „Репер“ кое се занимава со критички приод кон целокупната македонска култура и уметност.
 
< Претходно   Следно >

Пребарување

PDF+CC

Advertisement

Најавување






Си ја заборавивте лозинката?
Сè уште немате налог? Направете



Communia




Carryhealthy.comPharmshop.biz