Лиценцирајсвое дело ПребарајCC лиценцирани дела
Почетна arrow Политика на приватност
Политика на приватност Испечати Е-пошта
26.02.2010.
Во овој документ за применетата политика на приватност (privacy policy), се назначени видовите лични податоци кои ги примаме и собираме при користење на веб-сајтот Криејтив комонс – Македонија (cc.org.mk), како и некои од чекорите кои ги преземаме за нивна заштита.

Основни одредби
  • Сите приватни податоци под контрола на веб-сајтот Криејтив комонс – Македонија се добиени доброволно, преку експлицитна согласност на нивните сопственици, или од трети страни кои ја имаат добиено согласноста на сопствениците за таа намена.
  • Личните податоци под контрола на веб-сајтот Криејтив комонс – Македонија се користат само за намената за која се собрани, а доколку има потреба да се искористат и за други цели, тоа се прави само со експлицитна дозвола од нивните сопственици. 
  • Политика на веб-сајтот Криејтив комонс – Македонија, е записите кои содржат лични податоци да се уништуваат/бришат по истекот на рокот за нивно чување, доколку е определено со договор или закон, или по завршувањето на проектот во рамки на кои биле собрани.
  • Податоците кои се прибираат преку веб-сајтот Криејтив комонс – Македонија се користат само за статистички потреби, а не и за следење на активноста на поединечни корисници. 
  • Во случај на криминална истрага, Криејтив комонс – Македонија се придржува до важечките закони на РМ и податоците собрани со активноста на веб-сајтот ги прави достапни на органите на прогон само со валиден судски налог, со исклучок на случај на злоупотреба на нејзин информациски систем или веб-сајт, кога логовите може се испитуваат и анализираат и во предистражната постапка.

Користење кукија
Веб-сајтот Криејтив комонс – Македонија користи кукија или колачиња (cookies) во следните случаи:
  • За спречување на двојно гласање при пополнување на анкети. Во моментов на веб-сајтот Криејтив комонс – Македонија нема активни анкети.
  • При најавување на корисници во делот заштитен со налог и лозинка, кој не е јавен. 
  • За соодветно претставување на јазичната верзија на сајтот за корисници кои направиле избор во тек на претходна посета.

Серверски логови
За веб-сајтот Криејтив комонс – Македонија, соодветниот веб-хостинг провајдер води логови на серверот, во кои се запишува IP адреса, разгледувач, оперативен систем, датум и време на пристап, реферер (претходно посетена веб-адреса) и преземена датотека од сајтот, за секоја таква операција. Со овие логови се постапува во согласност со општите одредби, или индивидуалната политика за приватност на провајдерот, кој е задолжен да постапува во рамките на Законот за заштита на личните податоци и Законот за електронски комуникации на РМ.

Екстерни бројачи на посети
Заради зголемена транспарентност и споредбени анализи, веб-сајтот Криејтив комонс – Македонија користи екстерeн бројач на посети: Сајтмитер. Екстерниoт бројач имаа пристап до следните податоци за посетителите IP адреса, разгледувач, оперативен систем, датум и време на пристап, реферер (претходно посетена веб-адреса) и посетени веб-страници од сајтот во кои е вметнат кодот од бројачите.
  • Бројачот Сајтмитер става на располагање на јавноста дел од деталните податоци за последните 100 посетители, со прикривање на дел од IP адресата, како и статистички податоци за бројот на посети и отворени страници во последните 12 месеци.

Е-пошта
Податоците кои посетителите ги испраќаат доброволно преку е-пошта и формуларот за контакт се сметаат за службена тајна и се чуваат во согласност со општите одредби и правилата и прописите за архивско работење. Тука спаѓаат и нивната адреса за е-пошта, име, презиме, поштенска адреса, телефон.

 

Пребарување

PDF+CC

Advertisement

Најавување






Си ја заборавивте лозинката?
Сè уште немате налог? Направете



Communia




Carryhealthy.comPharmshop.biz