Лиценцирајсвое дело ПребарајCC лиценцирани дела
Почетна arrow Новости arrow 23 литературни дела од Никодин Чернодримски под Криејтив комонс
23 литературни дела од Никодин Чернодримски под Криејтив комонс Испечати Е-пошта
21.07.2009.
nikodin-cernodrimski.png

Кон крајот на минатиот и првата третина од овој месец, 23 литературни дела беа објавени на порталот Криејтив комонс. Авторот кој стои зад нив е Трајче Јованчески, кој своите прозни и поетски творештва ги објавува под псевдонимот  Никодин Чернодримски.

Никодин Чернодримски се занимава со објавување поезија и проза веќе 20 години, и тоа на разни форуми, литературни блогови и веб-сајтови на кои објавуваат голем број познати и непознати писатели и поети. Роден е во Прилеп каде членувал во аматерската постава на театарот Војдан Чернодрински, што пак му дало виза за учество во бројни професионални престави како „Скок преку кожа“, „Волшебникот од Оз“, „Солунски Патрдии“, „ Ние не сме Ангели“ и други. Токму овие искуства му ја имаат вродено љубовта кон пишаниот збор. Последниве 20 години живее и работи во Скопје.

„Неколку пати од моја страна беше направен обид да издадам барем една книга, но на поднесените мои барања не добив ни негативен одговор, молкот и правот ги прекрија тие  поднесени примероци... не бев обесхрабрен, но затоа решив да одам кон поширока презентација на моите дела, ја увидов моќта на интернетот и решив со помош на интернетот да ги презентирам моите дела...“

Тој членува на бројни балкански и светски форуми и веб-сајтови, каде ја објавува својата поезија првенствено на македонски Јазик, но со помош на пријателите, некои песни се преведени на јазикот кој се користи на тие веб-локации.

Во врска со објавувањето на неговите 23 дела под Криејтив комонс вели:

„Го избрав Криејтив комонс, прво затоа што е македонски сајт со многу отворена и пристапна поставеност  за презентација, нема некои големи ограничувања за делата кои се поставуваат, потоа не се прави селекција на авторите, туку напротив со афирмација токму на анонимните, нив ги презентира пред широката јавност. Значи на Криејтив комонс нема големи и мали, нема познати и непознати, токму ова беше најголемата причина заради која се одлучив тука да ги поставам моите дела.“

Објавувајќи ги делата во електронски формат тој смета дека е во предност, бидејќи такво е времето во кое живееме, а „од друга страна во оваа беспарица да одам на варијанта печатена книга е чиста лудост, бидејќи е повеќе од очигледно дека треба сам да си ја финансирам, а некои кои само како издавачи ќе застанат зад неа, ќе се закитат со ловорики“.

За да ја презентира својата поезија и проза на интернет, на сопствени портали, потребно му било знаење за изработување на веб-сајтови, па користејќи соодветна литературата ги направил www.cernodrimski.com и www.nikodin.hit.bg. Покрај нив, тој уредува и четири лични блогови: еден регистриран во Македонија, еден во Босна, еден во Бугарија и еден во Русија.

Никодин Чернодримски ќе објавува под Криејтов комонс и понатаму, бидејќи, како што вели, „имам уште дела кои треба да се публикуваат“.

 
< Претходно   Следно >

Пребарување

PDF+CC

Advertisement

Најавување






Си ја заборавивте лозинката?
Сè уште немате налог? Направете



Communia




Carryhealthy.comPharmshop.biz