Лиценцирајсвое дело ПребарајCC лиценцирани дела

upload.jpg

Ако веќе имате дела објавени под Криејтив комонс, поставете линк до нив. Ако сте автори на дела кои би ги објавиле под Криејтив комонс, а немате простор на веб за тоа, може да го искористите овој портал.

Секој нов автор најпрво треба да го регистрира своето членство на порталот, доколку сака да постави свое дело или линк до истото со цел да биде достапно за останатите посетители.

Објавените дела и додадените линкови потоа стануваат достапни за пребарување, така што посетителите можат да ги преземаат, посетуваат и употребуваат, секако под условите кои авторот ги навел. Информирајте се повеќе!

 
Почетна
Википедија + Криејтив комонс CC BY-SA = Победа за слободната култура! Испечати Е-пошта
10.07.2009.
wikipediacc.png
Заедницата на Википедија и одборот на фондацијата Викимедија го одобрија усвојувањето на лиценцата Криејтив комонс Наведи Извор – Сподели под исти услови (CC BY-SA) како главна лиценца за содржини на Википедија и други веб-сајтови на фондацијата Викимедија.

Еден напис за гласањето на заедницата содржи многу линкови во кои се објаснува историјата и важноста на овој потег. Почнувајќи минатата недела со English Wikipedia (има повеќе од 700 Викимедија веб-сајтови на повеќе од 250 јазици) напомената за авторски права на сајтовите на Викимедија се менува во CC BY-SA. Прочитајте ги Условите за користење на фондацијата Викимедија.

Во моментот се вложуваат напори за поттикнување на викија кои не потекнуваат од фондацијата Викимедија, да ја искористат оваа можност за миграција. Помогнете доколку сте во можност. Една многу важна цел беше постигната на 19 јуни, кога повеќето викија хостирани на Wikia (постојат илјадници, мали и големи) преминаа на лиценцата CC BY-SA.

Пофалби за Џими Вејлс, основачот на Википедија и Викиа! (двете организации не се меѓусебно поврзани). Криејтив комонс има среќа што го има Вејлс како член на бордот на директори. Без неговата визија, ова обединување на лиценцирањето од областа на слободната култура не би било можно.

Да наздравиме во име на големата победа за активистите на Википедија, целата слободна култура, и за секој што придонесе! Промената на лиценцата веќе овозможува да се движат содржини меѓу Википедија и други проекти.

Конечно, ова е само еден пример од заедницата Википедија кој покажува голема визија и лидерство. На пример, јасно е дека посветеноста на заедницата кон отворени формати играше голема улога со тоа што им овозможи на слободните видеа (со што всушност се мисли на Theora) шанса за широка примена. Браво за визионерските заедници за слободна култура и многуте идни победи!

Автор: Мајк Линксвајр

Извор: Блог на Криејтив комонс, 22 јуни, 2009 

 
< Претходно   Следно >

Пребарување

PDF+CC

Advertisement

Најавување






Си ја заборавивте лозинката?
Сè уште немате налог? Направете



Communia